Патеката Асен има еден "бавен" свиок (4), додека остатокот е составен од брзи, течни свиоци и долги правци. Преферираната можност за претекнување е во шиканата на крајот од кругот. Како и претходната градска патека, Норисринг, и ова е патека која ја наградува прецизноста и мала грешка може да значи огромна загуба на полетот и позиција на патеката.
Новост во Шампионатот е тоа што покрај традиционална трка во сабота, за прв пат ќе има трка и во недела, но која нема да се бодува. Тоа ќе биде проба за форматот за следната сезона и трка на која ќе имаме обратен стартен редослед.
Во сабота се очекува најдобро да се покажат, лидерката во шампионатот Џејми Чадвик, Бајтске Висер, но неделата е невозможно да се предвиди и шанса во прв план да блесне некоја нова натпреварувачка.
КРАТКО ИНФО ЗА ТРКАТА | |
КАДЕ | АСЕН, ХОЛАНДИЈА |
КОГА | 19-21 Јули |
ПЕТОК 19 ЈУЛИ | ТРЕНИНГ 1 10:40-11:15 МК ТРЕНИНГ 2 17:15-18:00 МК |
САБОТА 20 ЈУЛИ | КВАЛИФИКАЦИИ 09:30-09:55 МК ТРКА 16:10 МК |
НЕДЕЛА 21 ЈУЛИ | ТРКА 2 09:00 МК |