Валтери Ботас за минимални 0.069 делови од секундата беше побрз од лидерот во Шампионатот и тимски колега, Луис Хамилтон.
Возачот на Ферари, Чарлс Леклер со "надежно" заостанување од 0.197с. зад Финецот со што ги подгреа надежите за возбудлив викенд, но, проблемот на Италијанскиот тим со абењето на Пирели гумите беше прилично изразен во текот на сесијата.
Многу инциденти, но без посериозни излетувања на овој втор тренинг, и многу собрани податоци за успешно спроведување на домашната задача за инженерите на Ф1 тимовите.
Најрелаксирачка атмосфера ќе имаат во Мерцедес АМГ кој е тимот кој треба да се победи, како во квалификациско, така и во тркачко темпо, каде Луис Хамилтон беше далеку најбрз, со предност од најмалку една секунда пред сите останти.
Се поставува прашањето, дали другите тимови и возачи да направат нешто повеќе во подесувањата на своите болиди за да ја намалат разликата?!?
Новиот асфалт на патеката се покажа незгоден и лизгав, при што голем број возачи беа навор од него во Бекетс, Магот, а налетите на ветер додадоа уште една димензија на сесијата.
Добар почеток на викендот за Пјер Гасли, кој наидува на многу проблеми оваа година, борејќи се да ја најде својата топ форма во Ред Бул, плус над глава му висат проблеми со гласините дека би можел да биде заменет со друг возач.
Французинот го забележа најбрзото време на првиот тренинг, а на вториот ја задржа добрата форма, возејќи побрз круг, а со тоа и подобар пласман од Макс Верстапен, кој исто така имаше проблеми со абењето на гумите на Пирели.
По застанувањето на Алфа Ромео на патеката во првиот тренинг, сега тимот во жолто ќе има напорна работа откако болидот на Даниел Рикиардо застана на патеката при крајот на вториот тренинг.
Мекларен уште еднаш покажа дека Рено ПЕ има поголем потенцијал од тоа што го прикажуваат во сопствениот тим, со Ландо Норис и Карлос Саинц Јр. на шестото и осмото место на табелата, при што Макс Верстапен со Ред Бул се најде помеѓу нив.
Во Британскиот тим не очекуваа дека овде на Силверстоун ќе го реплицираат добриот успех од Австрија, но, моментално изгледа дека тоа е тимот кој ја предводи средината на табелата.
Нешто повеќе околу перформансите на тимовите ќе дознаеме утре на саботниот тренинг во 12:00 МК, додека Квалификациите кои се закажани за 15:00 МК ќе го потврдат конечниот поредок на Силверстоун.
2019 БРИТАНСКО ГП - ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ | |||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
1 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:26.732 | 24 | |
2 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:26.801 | + 0.069 | 34 |
3 | Чарлс Леклерк | Ферари | 1:26.929 | + 0.197 | 29 |
4 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:27.180 | + 0.448 | 29 |
5 | Пјер Гасли | Ред Бул | 1:27.249 | + 0.517 | 30 |
6 | Ландо Норис | Мекларен | 1:27.546 | + 0.814 | 38 |
7 | Макс Верстапен | Ред Бул | 1:27.562 | + 0.830 | 32 |
8 | Карлос Саинц ЈР. | Мекларен | 1:27.987 | + 1.255 | 39 |
9 | Алекс Албон | Торо Росо | 1:27.997 | + 1.265 | 37 |
10 | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | 1:28.002 | + 1.270 | 32 |
11 | Даниел Квјат | Торо Росо | 1:28.008 | + 1.276 | 35 |
12 | Кевин Магнусен | Хас | 1:28.059 | + 1.327 | 29 |
13 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:28.126 | + 1.394 | 33 |
14 | Даниел Рикиардо | Рено | 1:28.128 | + 1.396 | 17 |
15 | Нико Хулкенберг | Рено | 1:28.217 | + 1.485 | 33 |
16 | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:28.240 | + 1.508 | 36 |
17 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:28.294 | + 1.562 | 27 |
18 | Роман Грожан | Хас | 1:28.794 | + 2.062 | 25 |
19 | Роберт Кубица | Вилијамс | 1:29.935 | + 3.203 | 36 |
20 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:30.514 | + 3.782 | 11 |
ВИДЕО РЕЗИМЕ - ТРЕНИНГ 2 2014 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:35.424 2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:34.274 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:31.654 2017 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:28.496 2018 Себастијан Ветел - Ферари - 1:27.552 2019 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:26.732 |
|||||
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |