Нико Розберг, Шампионот од 2016 година ги сумираше резултатите од последното Гран При на Германија, на кое беше поканет да биде ко-коментатор за Ф1 каналот на Скај. Тој изнесе многу интересни видувања, кои ја заинтригираа Ф1 заедницата.
Нико Розберг: "Неверојатен викенд - сè беше толку интересно! Да започнеме со Верстапен. Тој загуби позиции на стартот, но тогаш, заедно со Луис, беше најбрз на интермедиа гумите, па затоа изврши огромен притисок врз Валтери, на кој му недостасуваше брзина на овие гуми. Ботас секогаш има проблеми со брзината за време на трките."
"Верстапен се изврте во најнезгодниот период од трката, кога сите беа на гуми за суво, а дождот се засили. Нема ништо потешко отколку да се биде зад воланот на Ф1 болидот кога условите на патеката се менуваат по секој поминат свиок, а вие не знаете што да очекувате. За оваа вештина длабоко ги почитувам сите возачи."
"Верстапен имаше одлично тркачко темпо, тој направи се како што треба и ја заслужи оваа Победа. Тој е Победник на две трки во оваа сезона и е 22 поени зад Валтери Ботас со Мерцедес АМГ, но пред двајцата возачи на Ферари, чиј болид е подобар на повеќето патеки од тој на Ред Бул. Неверојатно!
Макс прави сè совршено. Дури и до Луис, тој заостанува само 61 бод. Мислам дека доколку беа партнери во Мерцедес АМГ, Верстапен би бил пред Хамилтон по бројот на поени. Макс има феноменални перформанси и има многу интересен стил на возење за Ф1 фановите."
"Одличен викенд за Ветел. Тој имаше добар старт, во почетните кругови имаше проблеми со темпото на интермедиа гумите, но на крајот на трката беше во полн налет. Во Хокенхајм, Ферари го имаше најдобриот болид, имаа предност во однос на Мерцедес АМГ во квалификациите и во трките. Се надевам дека остатокот од сезоната ќе биде добар за нив."
"Себастијан имаше совршен крај на трката. За него овој успех е важен на домашната патека. Него му требаат уште неколку добри претстави за да излезе од кризата. Се надевам дека Себастијан ќе се влезе во форма, па тогаш ќе видиме многу интересни битки. Тоа би било супер!"
"Луис имаше одличен старт, тој и Верстапен го имаа најдоброто темпо на интермедиа гумите. Сè помина одлично, но, потоа започна серијата на грешки, а на крајот тој се погали со бариерата, излетувајќи во последниот свиок. Сепак, речиси сите возачи имаа свои моменти, асфалтот беше влажен и многу лизгав."
"Луис влезе во бокс, и тоа го направи од погрешната страна на влезот, по што доби казна од пет секунди. Малку подоцна, тој повторно излета, не се сеќавам кога Луис имал две грешки една по друга! Можеби тој само се чувствуваше лошо. Тој успеа да ги престигне само два болиди на Вилијамс, кога Ветел ги нижеше еден по друг."
"Луис имаше незгодна трка, но не грижете се за него. Дури може да биде добро што идеалните Мерцедес АМГ и Хамилтон понекогаш можат да погрешат..."
"Тешко ми е да замислам низ каков притисокот поминува Ботас! Неговиот тимски шеф, Тото Волф, изјави дека во зависност од резултатите на следните две трки, тој ќе одлучи дали ќе го задржи во тимот или не. Валтери добро се снајде се до неговото излетување на неколку круга пред финишот. Многу разочарувачки! Можеби во тој момент го загуби местото во тимот."
"Леклер изгледаше одлично на трката сè до неговото излетување. Во принцип, тој има одлична сезона, мислам дека е во ред. Не го сметам неговото излетување како голем проблем, бидејќи ова е само негова прва сезона во Ферари, а во Хокенхајм многумина излетаа."
"Не сум загрижен за него, тој се ќе надомести. Чарлс има неверојатно темпо, тој е постојано неколку десетинки побрз од Ветел во квалификациите и трките, но нешто го спречува да победи. Имаше неколку шанси, но по првата Победа се ќе биде многу полесно. Од него може да очекувате многу повеќе."
"Хулкенберг, исто така, добро се држеше во неделата. Тој е во иста ситуација како и Ботас, исто така, се бори за место во тимот. Нико имаше добри квалификации, а во трката го имаше третото место и можеше да се искачи на подиумот, но излета во истиот свиок како и Леклер. Каков удар за него! Го разбирам, затоа што имав многу слични моменти. Страшно е, особено ако знаеме дека Хулкенберг никогаш не се искачил на Победничкиот подиум во Формула 1."
"Квјат, од друга страна направи извонредно добра работа со пласман на подиумот. Строл имаше одлична трка во болдиот на Рејсинг Поинт. Може да се критикува, но кога успеа да го задржи болидот на патеката во вакви услови, и да се бори за подиумот, тој заслужува место во Формула 1."
"Саинc Јр. има добра сезона и постојано освојува поени. Во трката, тој излета од патеката и за малку не заглави во чакалот, но потоа се врати во игра. Тој изгуби околу 40 секунди при тоа, но сепак заврши на петтото место. Ова покажува каков хаос се случувал на патеката."
"Сега Карлос води меѓу возачите од средината на поредокот, и тоа е одлично. Треба да се спомене и Александар Албон. Тој за прв пат возеше Ф1 болид на дожд и заврши на шестото место."
НИКО РОЗБЕРГ СО СВОЕ ВИДУВАЊЕ НА ГЕРМАНСКОТО ГРАН ПРИ
7/29/2019 11:34:00 PM
0
Share to other apps