Возачот на Мерцедес АМГ, Валтери Ботас, го забележа најбрзото време на денешните квалификации за Големата Награда на Велика Британија, шест илјадитинки пред својот тимски колега, Луис Хамилтон.
Двајцата ќе ја започнат трката на жолтите гуми, кои ги искористија за поставување на најбрзото време во Q2 сесијата. Единствениот друг тим во Топ 10 пласманот на гридот што ќе започне на истите гуми е Ред Бул.
Финецот, својата награда од Пирели ја доби од пејачката Мејбл, која имаше неколку топ 10 хитови, но и беше номинирана за наградите BRIT.
Најбрзата стратегија за Големата Награда на Велика Британија, која се состои од 52 круга е две застанувањa во бокс, и тоа старт на црвените гуми со стинт од 13 круга, потоа уште еден стинт од 13 круга на црвените гуми, па следува завршен стинт на белите гуми. Едно застанување во бокс е невозможно на оваа патека.
Шест возачи од Топ 10 пласманот ја избраа оваа стратегија, од кои Чарлс Леклер е на највисока стартна позиција, П3. Црвените гуми се теоретски најоптимални за почетниот стинт, па би требало да видиме уште многу возачи надвор од Топ 10 пласманот, да ги имаат како свој избор за старт на трката.
Алтернативна стратегија е старт на жолтите гуми со стинт од 15 круга, потоа стинт од 13 круга на црвените гуми, за потоа да следува завршен стинт на белите гуми. Оваа стратегија им се гледа како добитна на возачите на Мерцедес АМГ и Ред Бул.
Исто така, можно е да видиме и три застанувања за промена на гумите, во случај абењето на црвените гуми да е повисоко од очекуваното. Оваа стратегија ќе функционира на следниов начин - Почетен стинт од 8 круга на црвените гуми, потоа два стинта од по 11 круга на истите, а потоа завршен стинт на белитегуми.
Според Пирели, стратегија со два стинта на белите гуми би функционирала многу добро, но, нема нити еден возач кој има два сета од нив на располагање.
Новиот асфалт во Силверстоун брзо еволуира, па времињата по круг стануваат се побрзи и побрзи. Додека има повеќе грип од новата површина, се уште има неколку испакнатини од минатата година. Два дебитанти во Формула 1 Шампионатот, Александар Албон (Торо Росо) и Ландо Норис (Мекларен) ќе започнат во првите десет возачи.
Марио Изола, Пирели: ""Како и претходната трка во Австрија, ќе имаме различни стратегии за трката во Англија, со двата Мерцедеси на врвот со жолтите гуми и од Ферари на Чарлс Леклер со црвените гуми веднаш зад нив. Стратегијата со две застанувања во бокс се смета како најдобра опција, но, постојат неколку варијабли кога станува збор за тактиката со гумите."
"Забележавме одредено абење на жолтите и црвените гуми, што значи дека во одреден момент од трката ќе биде потребно нивно менаџирање до одреден степен. Значи нивното абење, што е поразлично од нивната деградација, во голема мера ќе влијае кога е време за пит-стоп."
"Една од променливите е времето. Денес имавме студено и променливо време, така што треба да бидеме подготвени за сè. Забележаните времиња по круг беа многу блиски, што значи дека и тркачкото темпо помеѓу најбрзите денес, најверојатно ќе биде слично, па затоа можеме да се надеваме и да очекуваме тесна борба на утрешната трка."
ПИРЕЛИ: НАЈДОБРАТА СТРАТЕГИЈА ЗА БРИТАНСКОТО ГП
7/13/2019 09:54:00 PM
0
Share to other apps