Валтери Ботас ја забележа својата 10-та Пол позиција во Формула 1 кариерата, негова четврта оваа 2019 сезона и прва на Силверстоун.
Луис Хамилтон се погрижи за обезбедување на првиот стартен ред за Мерцедес АМГ на Големата Награда на Велика Британија.
Двајцата возачи ќе ја започнат трката на жолтите гуми.
Чарлс Леклер се пласираше на третата стартна позиција, само 79 илјадити од најбрзото време на Финецот и 73 зад Луис Хамилтон.
Тој ќе стартува на црвените гуми на Пирели.
Валтери Ботас, П1: "Кога по тимското радио ми кажаа дека се квалификував на Пол позицијата, бев навистина среќен, ми недостасуваше ова чувство. Многу е тешко да се победи Луис тука, тој секогаш е многу силен во Силверстоун. Мојот круг не беше совршен, имаше уште малку место за подобрување, но никој не извозе совршен круг, така што на крајот беше доволно. Сега треба добро да ја искористам Пол позицијата."
"Оваа година, Луис е многу силен во трка, па јас сум сигурен дека утре ќе имаме добра борба. Чарлс, исто така, ќе биде закана, особено на почетокот на трката, бидејќи тој ќе стартува на помеките гуми. Ние ќе започнеме на жолтите гуми, што ќе го направи стартот незгоден, но, тие треба да бидат подобар избор како одминува трката. Со нетрпение го очекувам утрешниот ден, треба да биде забавен."
Луис Хамилтон, П2: "Честитки за Валтери, тој на крајот заврши подобра работа. Не го дадов најдоброто од мене во квалификациите, имав лоши кругови во Q2, а не беше многу добар и првиот брз круг во Q3. Последниот беше во ред, но сигурно не беше совршен, ова беше само еден од оние денови, кога понекогаш влегувате во ритам, а понекогаш не."
"Но, има потенцијал во мојот болид, утре трката е долга, па ќе се обидам да видам како можам да напредувам од позицијата на која сум. Ова е трката на која што треба да се обидеш да победиш, но не е лесно да победиш. Секоја година предизвик е голем."
"Тркачкото темпо изгледа добро, па се надевам дека ќе ја искористам предноста на жолтите гуми. Вечерва ќе се обидам да се наполнам со позитивна енергија и утре да се вратам посилен."
Чарлс Леклер, П3: "Јас сум задоволен со нашиот резултат, бидејќи мислам дека направивме најдобро што можеме и го извлековме максимумот од нашиот болид на оваа конкретна патека. Се соочувавме со тешкотии на почетокот на овој викенд, особено со абењето на предните гуми, но веќе денес се беше многу подобро."
"Во однос на стратегијата, ние сме среќни со нашиот избор да ја започнеме трката на црвените гуми. Болидите напред ќе бидат на жолтите, кои, се надевам, ќе ги измешаат малку работите. Времето, исто така, ќе игра важна улога за време на трката и, заедно со предизвиците што ќе ги зададе саматапатека, треба да имаме возбудлива трка."
НАЈБРЗИТЕ ТРОЈЦА ВОЗАЧИ ЗА НИВНИТЕ ИМПРЕСИИ ОД ДЕНЕШНИТЕ КВАЛИФИКАЦИИ
7/13/2019 09:04:00 PM
0
Tags
Share to other apps