Британката во последната минута од квалификациите постави извонредно време од 1:22.425, со кое ја победи Алис Пауел, која изгледаше уверена дека ќе биде на врвот од табелата до последниот момент.
За Џејми Чадвик ова е нејзина трета Пол позиција сезонава, а во трката која започнува од 16:10 часот влегува со предност од 13 поени во однос на Висер.
Арена спорт ги откупи правата за ТВ пренос, кој не го емитува во својата програмска шема, но со тоа ги блокираше слободните стримови на Твитер и Фејсбук.
Есми Хоки импресионираше со својот најдобар квалификациски перформанс и трето најбрзо време, пред Финката Ема Кимилаинен, која доминираше на вчерашните тренинг сесии, но нејзиниот финален брз круг беше катастрофален по излетувањето низ чакалот во Вестфилд свиокот.
БРЕНДС ХЕЧ - КВАЛИФИКАЦИИ | ||||
П. | ВОЗАЧ | ДРЖАВА | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
1 | Џејми Чадвик | В.Британија | 1:22.425 | |
2 | Алис Пауел | В.Британија | 1:22.793 | + 0.368 |
3 | Есми Хоки | В.Британија | 1:22.864 | + 0.439 |
4 | Ема Кимилаинен | Финска | 1:22.901 | + 0.476 |
5 | Бајтске Висер | Холандија | 1:23.210 | + 0.785 |
6 | Фабиен Волвенд | Лихтенштајн | 1:23.210 | + 0.785 |
7 | Мики Којама | Јапонија | 1:23.326 | + 0.901 |
8 | Сара Мур | В.Британија | 1:23.534 | + 1.109 |
9 | Џесика Хокинс | В.Британија | 1:23.572 | + 1.147 |
10 | Вики Пириа | Италија | 1:23.607 | + 1.182 |
11 | Марта Гарсија | Шпанија | 1:23.801 | + 1.376 |
12 | Сејбр Кук | Америка | 1:23.850 | + 1.425 |
13 | Гоша Рдест | Полска | 1:24.218 | + 1.793 |
14 | Кејтлин Вуд | Австралија | 1:24.316 | + 1.891 |
15 | Тасмин Пепер | ЈАР | 1:24.338 | + 1.915 |
16 | Сара Бови | Белгија | 1:24.570 | + 2.145 |
17 | Вивиен Кеслеј | Унгарија | 1:24.775 | + 2.350 |
18 | Меган Гилкс | Канада | 1:24.870 | + 2.445 |
19 | Шеј Холбрук | Америка | 1:25.202 | + 2.777 |
20 | Наоми Шиф | Германија | 1:25.351 | + 2.926 |
110% време: 1:30.667
|
||||
2019 Џејми Чадвик - 1:22.425
|
||||
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |