Есми Хоки, откако се квалификуваше за брилијантата за неа трета позиција, имаше застој на стартот и заврши како последна по првиот круг. Сега на третото место беше Ема Кимилаинен, која беше најбрза на тренинг сесиите, но утринава се квалификуваше само на четвртата позиција.
Чадвик, Пауел и Кимилаинен првите 10 минути ги поминаа во тесна формација, една позади друга, успешно совладувајќи ги предизвиците на познатата кентска тркачка патека со импресивна брзина и прецизност.
Потоа, следуваше храбар и опортунистички маневар од страна на Пауел за претекнување на лидерот во шампионатот, можеби претпоставувајќи дека таа не би сакала да ја ризикува титулата со тоа што нема да пружи ризичен отпор, од внатрешната страна на "Падок Хил" свиокот, поставувајќи се тркало до тркало со неа низ спустот, потоа по угорнината до Друид, и ја натера Шампинката да попушти додека двата болиди се приближуваа до најбавниот свиок на патеката.
Во исто време, исходот од оваа битка будно го следеше и Ема Кимилаинен, која, исто така, успеа да ја претекне Чадвик, за второто место. Алис сега беше во водство, но Ема Кимилаинен беше близу. На третото место се најде Џејми, додека нејзината ривалка за титулата, Бајтске Висер, се најде веднаш зад неа на четвртото место.
На 10 минути до крајот на трката имавме излегување на безбедносното возило, кое беше распоредено како резултат на извртувањето на Мики Којама, која денес имаше хаотична трка, со што имавме зближување на поредокот на гридот.
Безбедносното возило остана четири минути на патеката, оставајќи само шест минути од предвидените 30 (плус еден круг) до финишот. По рестартот, Алис Пауел го задржа водството пред Ема Кимилаинен, по што Финката мораше да се задоволи со второто место.
Веднаш зад нив, Џејми Чадвик и Бајтске Висер имаа блиска битка, а летечката Холанѓанка беше решена да го добие третото место од нејзината ривалка и покрај тоа што тоа не би било доволно за водство во генералниот пласман.
Како и да е, таа успеа да го заземе последното место на Победничкиот подиум на три круга до крајот. Со тоа, Чадвик финишираше на четвртото место, и ова беше прв пат оваа сезона да не забележи пласман на подиумот.
Петта беше Фабиен Волвенд, возејќи типично компетентна трка, додека на шестото и седмото место, откако имаа интензивна борба помеѓу себе, беа Вики Пириа и Џесика Хокинс. Шесте бода што ги забележа Британката беа доволни да ја издигнат од 14-то на заедничко 11-то место во генералниот пласман со Сајбер Кук, која денес го освои 9-тото место.
Денес осма беше Марта Гарсија и десетта, последна од денешните освојувачи на поени, беше Сара Мур.
На најдобрите 12 натпреварувачки во генералниот пласман од шампионатот им е гарантирано учество во Формула Ж за следната година. Поредокот го имате во табелата подолу.
2019 Формула Ж - #WRace6 - Брендс Хеч 30 минути + 1 круг, Време: Сончево. |
|||
ПЛАСМАН: | |||
П. | ВОЗАЧ | БРОЈ | ВРЕМЕ |
1. | Алис Пауел | 27 | 31:24.967 |
2. | Ема Кимилаинен | 7 | + 0.511 |
3. | Бајтске Висер | 95 | + 5.748 |
4. | Џејми Чадвик | 55 | + 9.321 |
5. | Фабиен Волвенд | 5 | + 9.732 |
6. | Вики Пириа | 11 | + 10.730 |
7. | Џесика Хокинс | 21 | + 11.060 |
8. | Марта Гарсија | 19 | + 11.615 |
9. | Сејбр Кук | 37 | + 12.179 |
10. | Сара Мур | 26 | + 13.420 |
11. | Кејтлин Вуд | 20 | + 13.881 |
12. | Тасмин Пепер | 31 | + 14.221 |
13. | Гоша Рдест | 3 | + 14.735 |
14. | Вивиен Кеслеј | 77 | + 18.656 |
15. | Наоми Шиф | 99 | + 20.585 |
16. | Есми Хоки | 2 | + 20.755 |
17. | Шеј Холбрук | 67 | + 20.839 |
18. | Меган Гилкс | 49 | + 21.681 |
19. | Сара Бови | 58 | + 22.061 |
20. | Мики Којама | 85 | + 2 круга |
БЕЗ ПЛАСМАН: / | |||
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
***ФИНАЛЕН ПЛАСМАН СЕЗОНА 2019*** | |||
ВОЗАЧИ: | |||
1. | Џејми Чадвик | 110 | |
2. | Бајтске Висер | 100 | |
3. | Алис Пауел | 76 | |
4. | Марта Гарсија | 66 | |
5. | Ема Кимилаинен | 53 | |
6. | Фабиен Волвенд | 51 | |
7. | Мики Којама | 30 | |
8. | Сара Мур | 24 | |
9. | Вики Пириа | 24 | |
10. | Тасмин Пепер | 22 | |
11. | Сејбр Кук | 12 | |
12. | Џесика Хокинс | 12 | |
13. | Кејтлин Вуд | 11 | |
14. | Гоша Рдест | 10 | |
15. | Есми Хоки | 2 | |
16. | Наоми Шиф | 2 | |
17. | Вивиен Кеслеј | 1 | |
18. | Шеј Холбрук | 0 | |
19. | Сара Бови | 0 | |
20. | Меган Гилкс | 0 |