Втората половина од Ф1 сезоната, традиционално започнува со Големата Награда на Белгија, која се вози на патеката СПА-Франкоршамп. Оваа 2019 година не е исклучок. Тоа е една од неколкуте патеки кои ја задржаа магијата на нивниот оригинален изглед и преку новиот, модернизиран и скратен распоред, благодарение на своите легендарни делови како Eau Rouge, Pouhon и Blanchimont.
Искачувањето преку Eau Rouge до облаците надвиснати над дрвјата од шумите на Ардените е една од повеќето незаборавни глетки во овој мотоспорт. СПА-Франкоршамп се карактеризира со долг круг од седум километри, кои се поминуваат со голема брзина, големи промени на елевацијата, брзи свиоци и променливи временски услови.
Белгиското Гран При е трка каде што може да се случат многу неочекувани пресврти, со висока шанса за безбедносното возило, до неочекувана промена на времето, па стратегија на тимовите е многу значајна, т.е. нивната способност да ги прочитаат овие услови и да реагираат најбрзо што можат.
СПА-Франкоршамп, го претставува најтешкиот тест за Погонските единици во сезоната. Времето поминато под полн гас е на нивото на Монца, но свиоците и промената во елевацијата ја зголемуваат нивната оптовареност. Тоа би значело, ако го имаме во предвид почетниот дел од сезоната, дека Мерцедес ПЕ ќе биде во главна улога.
Пирели ги номинираше C1, C2 и C3 смешите, натврдиот избор од 2019 опсегот на Пирели, како бели, жолти и црвени соодветно. СПА-Франкоршамп е добро позната по различната елевација и екстремните побарувања од гумите, благодарение на веќе споменатите делови како што се Eau Rouge и Raidillon, каде што возачите доживуваат широк спектар на Г-сили за кратко време.
Статистички гледано, Пол позицијата не е многу значајна на оваа патека, бидејќи само на 18 од 51 трки победникот стартувал од првата позиција. Сепак, овој сооднос малку се зголемува во модерната ера на Формула 1, со шест победи од 12 трки на возачот кој стартувал од Пол позицијата, по реновирањето на патеката во 2007 година.
Со девет трки до крајот на 2019 сезоната, тековните шампиони Луис Хамилтон и неговиот тим Мерцедес АМГ имаат релативно голема бодовна предност за одбрана на титулите.
Во шампионатот на конструктори, Мерцедес АМГ има 150 поени предност во однос на Ферари, додека во шампионатот на возачи, Хамилтон ужива предност од 62 поени пред тимскиот колега, Валтери Ботас.
Она што е поинтересно е борбата за тоа второ место, каде Макс Верстапен сега е на само седум бода зад Финецот, додека неговиот тим, Ред Бул, кој има нов адут, Тајландскиот дебитант Алекс Албон, во борбата со Ферари зад кои заостануваат 44 поени.
Во однос на Белгиското ГП, Кими Раиконен е најуспешниот активен возач, со четири Победи на СПА-Франкоршамп и тоа во 2004, 2005, 2007 и 2009 година. Следуваат со по три победи, Хамилтон, 2010, 2015 и 2017, и Себастијан Ветел, 2011, 2013 и 2018-та година.
Михаел Шумахер е најуспешен возач со шест победи, а Ферари најуспешен конструктор со 14 Победи на оваа патека, 17 на Белгиското ГП, пред Мекларен со 12 Победи. Далеку назад се Мерцедес АМГ со четири, Вилијамс и Ред Бул со по три победи
Временскиот распоред е типичен за Европските патеки и може да го погледнете подетално на следниот ЛИНК.
НАЈАВА НА БЕЛГИСКОТО ГРАН ПРИ
8/28/2019 10:41:00 PM
0
Share to other apps