Најбрзата жена на светот, тркачката Џеси Комбс, загина во автомобилска несреќа додека се обидувала да го сруши сопствениот брзински рекорд на копно.
Комбс,39, го возела нејзиниот автомобил на млазен погон преку Алворд пустината кога изгубила контрола врз возилото.
Фаталниот инцидент се случил на исушено езеро во округот Харни, Орегон, САД. Американката, претходно беше прогласена за „најбрза жена на четири тркала“, откако таа постави рекорд со брзина од 479,5 км/ч возејќи го нејзиниот автомобил на млазен погон, наречен North American Eagle Supersonic Speed Challenger.
Нејзиниот тимски колега, Тери Маден ја потврди нејзината смрт во објавата на Инстаграм.
"Таа беше најневеројатниот човечки карактер што го познавам или некогаш ќе го знам.", напиша Маден. "За жал, ја изгубивме вчера во ужасна несреќа, јас бев првиот таму и верувајте ми дека направивме се што е можно за да ја спасиме !!!"
ЗАГИНА ЏЕСИ КОМБС - "НАЈБРЗАТА ЖЕНА НА СВЕТОТ"
8/28/2019 11:44:00 PM
0
Share to other apps