Патеката Браќа Родригез, со должина од 4.304 км. е втората најкратка во Ф1 календарот по Монте Карло. Големата Награда на Мексико е една од трите трки во сезоната која има 71 круга, заедно со Бразил и Австрија. Стинтот од 811 метри од Пол позицијата до првиот свиок е втор најдолг во Ф1, Сочи е на врвот. 9.6 секунди од него се поминуваат со полн гас.
Патеката се наоѓа на најголема надморска височина, 2.285 метри, во календарот. Пред враќањето на ГН на Мексико, патека со најголема надморска височина беше Интерлагос во Бразил, со 800 метри надморска височина. И покрај големата надморска височина, патеката Браќа Родригез е една од најрамните патеки, со промена на елевацијата од само 2.8 метри во текот на целата нејзина долзина. Само Мелбурн и Сочи имаат помала промена во елевацијата.
Големата надморска височина значи дека воздушниот притисок е најнизок во сезоната и изнесува околу 780 МБ. Нивото на кислород на оваа надморска височина е 78% од тоа што е на морско ниво и ова намалување на густината на воздухот има влијание врз Формула 1 болдите.
Погонската Единица е најмногу погодена од нискиот атмосферски притисок. Обичните ОТО-мотори би претрпеле значителен пад на моќност (околу 20%). Турбо-моторите може да го надоместат тоа, но турбото треба да работи многу посилно отколку во нормални услови, со што се зголемуваат температурите.
Реткиот воздух исто така значи дека е ладењето на болидот е помалку ефикасно, така што ПЕ и сопирачките работат на поголеми температури. Потребна е обработка на каросерија за зголемено ладење. Реткиот воздух и зголеменото ладење имаат две последици врз аеродинамиката на болидот, помала потисна сила и помал отпор на воздухот.
Болидите користат задни крила подесени еквивалентно на Монако, но и покрај тоа, вистинската потисна сила на болидите е поблизу до нивоата што се се забележуваат во Монца. Поради овие фактори, во Мексико се забележуваат едни од најголемите брзини на Ф1 болидите, кои достигнуваат до 370 км/ч во заветрина.
Во Мексико се забележуваат едни од највисоките температури на патеката, со просек од 43,5 °C и максимална вредност до 52 °C во претходните неколку години. Ова делумно се должи на многу темниот асфалт.
Покрај долгите правци, патеката има статистички трет најмал број на престигнувања низ годините. Свиокот број 9 е најбрзиот на патеката, кој се поминува со околу 250 км на час. Возачите доживуваат 4.1Г низ овој свиок, најмногу од патеката. Тринаесеттиот свиок е најбавен, кој се поминува под 70 км на час. Ова е едно од најбавните свиоци во целата сезона.
БРАЌА РОДРИГЕЗ - ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА ПАТЕКАТА
10/23/2019 11:16:00 AM
0
Share to other apps


