Главни нејзини карактеристики се природните промени во елевацијата, вклучувајќи ја 40 метарската нагорнина кон првиот свиок кој е главното обележје на "Патеката на Америките". Потегот од третиот до деветиот свиок претставува низа од брзи свиоци кои потсетуваат на Maggots-Becketts-Chapel од Силверстоун или Esses во Сузука. Втората половина од техничкиот дел од кругот, завршува со низа на бавни свиоци кои потсетуваат на Хокенхајм.
Големата Награда на Соединетите Држави е еден од најпосетените настани во Ф1 календарот со што Остин, полека станува нов дом за Формула 1 во САД. Главна знаменитост во комплексот на оваа патека е 25-катната Кула за набљудување. -ЛИНК-
Споредено со минатата година, немаше поголеми промени на патека, организаторите само потврдија дека е заменет асфалтот во делот помеѓу деветтиот и десеттиот свиок. Ограничувањето на брзината за движење низ пит-лентата е 80 км/ч. Како и минатата година, остануваат во сила 2 ДРС зони.
Пирели за ГН на Соединетите Државо ги носи истите смеши од Мексико, C2, C3 и C4, како бели, жолти и црвени гуми. Патеката на Америките не ги оптоварува премногу гумите, па така на минатата трка сите возачи од победничкиот подиум имаа различна стратегија.
За време на петочните тренинг сесии Ф1 тимовите ќе добијат два сета на црвени гуми, од C4 смешата планирана за следната година. Тоа ќе биде прв тест на 2020 гумите, пред тест сесијата на целосниот хомологиран опсег на гуми за следната година закажана за Декември по завршување на ГН на Абу Даби.
Според техничарите на Брембо, кои ги рангираа патеките од Ф1 календарот, патеката во Остин ја оценија како средно тешка во однос на сопирачките. На скала од 1 до 5, таа заработи оцена 3.
Најтешка зона на сопирање е влезот во 12-от свиок, кој следува по долгиот правец, каде се користи и ДРС-системот. Болидите ја редуцираат својата брзина за речиси 240 км/ч т.е. од 333 км/ч намалуваат до 94 км/ч за само 2.52 секунди или 125 метри должина. При ова возачите подлежат на оптоварување од 5.8Г и силата со која се притиска педалата за сопирање изнесува 188 кг.
Во сабота температурата во текот на денот ќе се движи околу +17 степени. Ветерот ќе стане северен и ќе се зголеми. Во недела за време на трката ќе имаме околу +19 степени, повторно со слаб јужен ветер и 10% веројатност за врнежи од дожд.
На трката во Јапонија Мерцедес АМГ ја осигура Шампионската Титула, додека Луис Хамилтон со Победата во Мексико си обезбеди реални шанси да ја завери и мaтематички 6-тата Индивидуална Ф1 Титула.
Британецот се истакнува како главен фаворит за Победата на оваа трка, дополнето со фактот дека ова е негова омилена патека и речиси се чувствува како домаќин помеѓу Американците.
Како предигра на Големата Награда на Соединетите држави, во Лос Анџелес, на булеварот Холивуд, се одржа Ф1 фестивал со присутво на многубројна публика. Фестивалот претставуваше трка на импровизирана патека, на која учествуваа Даниел Рикиардо, Макс Верстапен и Валтери Ботас.
Возачите контактираа со фановите, потпишаа автограми, ја израдуваа публиката со спектакуларни "крофни". Следниот Ф1 фестивал ќе се одржи на 9 Ноември во Сао Паоло, една недела пред ГН на Бразил, кој ќе биде посветен на сеќавање на Аиртон Сена.









