Заклучок на возачите е дека црвените гуми се трошат премногу брзо, додека белите немаат добар грип, па возачите се борат со болидите да останат на вистинската тркачка линија. Тоа значи дека жолтата гума можеби ќе биде најчестиот избор на утрешната Q2 квалификациона сесија.
Возачите на Ферари беа најбрзи и на жолтите гуми на почетокот од сесијата, која набрзо беше прекината по излетувањето на Алекс Албон во 7-от свиок, по што тој заврши во бариерите покрај патеката.
За разлика од Ленс Строл на утринскиот тренинг, Тајланѓанецот причини значителна штета на својот Ред Бул, па тој не беше во можност да се врати на патеката. Сесијата беше под црвено знаме 18 минути за да се овозможи расчистување на остатоците од болидот.
По рестартот, возачите на Мерцедес АМГ и Макс Верстапен имаа по уште еден обид со жолтите гуми, по што Макс Верстапен и Луис Хамилтон се најдоа на 2-то и 3-тото место во тој момент. Возачите на Ферари веднаш преминаа на црвените гуми за нивните квалификациски симулации, по што повторно се вратија на врвот на табелата.
Себастијан Ветел беше значително побрз од својот тимски колега, кој не беше во можност целосно го скроти Ферарито, по што имаше и неколку извртувања на патеката. Тоа го искористи Холанѓанецот во тимот на Ред Бул за да ги раздели болидите на Ферари.
Не беше само Моначанецот кој имаше проблеми да го скроти својот болид, тоа не им поаѓаше од рака нити на возачите на Мерцедес АМГ. Валтери Ботас, беше четврти најбрз, со заостанување од 0.614 секунди зад Ветел, но, беше за 0.349 секунди побрз од тимскиот колега, Луис Хамилтон, кој беше на петтото место.
Даниел Квјат со Торо Росо беше најбрз од останатите, завршувајќи го својот брз круг меѓу последните на патеката. Карлос Саинц Јр., и покрај излетувањето и возење низ тревата во првиот свиок, имаше сили за осмото најбрзо време, скоро две десетинки побрзо од Нико Хулкенберг со Рено. Ландо Норис го заокружи Топ 10 пласманот во вториот Мекларен.
| 2019 МЕКСИКО ГП - ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ | |||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
| 1 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:16.607 | 35 | |
| 2 | Макс Верстапен | Ред Бул | 1:16.722 | + 0.115 | 37 |
| 3 | Чарлс Леклерк | Ферари | 1:17.072 | + 0.465 | 34 |
| 4 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:17.221 | + 0.614 | 39 |
| 5 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:17.570 | + 0.963 | 35 |
| 6 | Даниел Квјат | Торо Росо | 1:17.747 | + 1.140 | 40 |
| 7 | Пјер Гасли | Торо Росо | 1:18.003 | + 1.396 | 39 |
| 8 | Карлос Саинц ЈР. | Мекларен | 1:18.079 | + 1.472 | 38 |
| 9 | Нико Хулкенберг | Рено | 1:18.261 | + 1.654 | 23 |
| 10 | Ландо Норис | Мекларен | 1:18.349 | + 1.742 | 36 |
| 11 | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:18.362 | + 1.755 | 38 |
| 12 | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | 1:18.367 | + 1.759 | 34 |
| 13 | Даниел Рикиардо | Рено | 1:18.380 | + 1.773 | 34 |
| 14 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:18.681 | + 2.074 | 37 |
| 15 | Роман Грожан | Хас | 1:18.767 | + 2.159 | 37 |
| 16 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:18.889 | + 2.282 | 46 |
| 17 | Кевин Магнусен | Хас | 1:19.306 | + 2.699 | 37 |
| 18 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:19.968 | + 3.361 | 36 |
| 19 | Роберт Кубица | Вилијамс | 1:20.180 | + 3.573 | 37 |
| 20 | Алекс Албон | Ред Бул | 1:21.665 | + 5.058 | 5 |
ХИБРИДНА ЕРА - БРАЌА РОДРИГЕЗ
2015 Макс Верстапен - Ред Бул - 1:25.990
2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:20.914
2017 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:17.824
2018 Макс Верстапен - Ред Бул - 1:16.720
2018 Себастијан Ветел - Ферари - 1:16.607
|
|||||
| @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
|||||




