За време на тркачкиот викенд во Абу Даби, светски познатата компанија за аукција на автомобили, RM Sotheby’s, одржува е-аукција на која ќе се продава голем спектар на предмети од историјата на Формула 1.
Аукцијата која веќе е започната, се одржува само преку интернет и на неа се продаваат повеќе од 100 предмети, од потпишани тркачки кациги од некои од најголемите имиња на високо-октанскиот мотор, како Михаел Шумахер и Аиртон Сена, до разни тркачки комбинезони, чевли и нараквици, па дури и до вистински делови од Ф1 болидите.
Највпечатлив предмет секако е моторот Tipo 051/ B/C V10 кој беше составен дел од болидот на Ферари, F2002.
Најскапиот автомобил што ќе се продава е болидот на Ферари од 2002 година, F2002, со кој Михаел Шумахер и Рубенс Барикело победија на 15 од 17 трки во сезоната, забележувајќи девет 1-2 Победи. Тоа е еден од најуспешните болиди во историјата на Ф1, со кој Шумахер стигна до својата 5та Шампионска Титула. Се очекува да се продаде за околу 7.500.000 долари.
На аукцијата се продава и Ферари F40 од 1990 година, кој беше потпишан од Себастијан Ветел при започнувањето на ова партнерство на Формула 1 со RM Sotheby’s, претходно оваа година за време на Големата Награда на Бахреин.
Значи, покрај делови од Ф1 историјата имаме и останати спортски автомобили, како на пример, Јагуар C-X75, еден од само четири направени, кој се претстави во филмот за Џејмс Бонд, SPECTRE, како и некои автомобили од најпознатите светски производители, како што се Мекларен, Конигсег и Пагани. Секој еден од автомобилите во продажба е уникатен на некој начин.
Продажбата на автомобили очигледно е надвор од дофатот на скоро сите наши фанови, но постои начин да зграбите дел од историјата на Формула 1 со огромната понудена количина на неверојатни Ф1 предмети.
Пак ќе напоменеме ова е исклучиво интернет аукција, достапна за сите ф1 фанови ширум светот кои можат да наддаваат, секако прво треба да ја докажат својата заинтересиранот со регистрација на официјалниот веб сајт на оваа аукциска куќа. Каталогот за овој настан може да го видите со клик на следниот -ЛИНК-
ФОРМУЛА 1 И RM SOTHEBY`S ЈА ОДРЖУВААТ ПРВАТА ЗАЕДНИЧКА АУКЦИЈА НА АВТОМОБИЛИ
11/26/2019 08:58:00 PM
0
Share to other apps