Од Пирели за 21тa и последнa трка во оваа 2019 сезона ги номинираа најмеките смеши од палетата, и тоа: C3 како бели, C4 како жолти и C5 како црвени гуми.
Овој избор е добро усогласен со мазната површина на патеката Јас Марина, обезбедувајќи оптимален компромис помеѓу перформансите и механичкиот грип на болидите, за време на трката што започнува доцна попладне и завршува во вечерните часови.
По завршување на тркачкиот викенд, започнува тестирањето на 2020 гумите на кое ќе учествуваат сите тимови.
Марио Изола, Пирели: "Абу Даби го означува крајот на уште една многу долга сезона, но работата за нас не запира, туку продолжува и по тркачкиот викенд, со серија на тестови за Формула 1 и за Формула 2, користејќи гуми од 13 инчи, како и 18-инчни гуми. Севкупно, ќе донесеме околу 4500 гуми во Абу Даби, за трката и тест сесиите, што е повеќе од двојно од вообичаената количина."
"Дводневната Ф1 тест сесија ќе биде особена важна, бидејќи им дава шанса на тимовите за прв пат да ги споредат 2019 гумите со 2020 прототиповите во репрезентативни услови и со специјално адаптирани болиди. Пред тоа, имаме една финална трка за комплетирање. Постои голема шанса да видиме соборување на повеќе рекорди во текот на викендот, со тоа што тимовите веќе ги имаат максимизирано своите знаења за 2019 гумите."
АБУ ДАБИ: МЕСТО КАДЕ ЗАПОЧНУВА 2020 СЕЗОНАТА
11/25/2019 09:17:00 PM
0
Share to other apps