Најсрамниот од нив беше за возачите на Ферари, во кој Себастијан Ветел и Чарлс Леклерк имаа меѓусебен судир. Тоа предизвика драматичен завршеток во кој Луис Хамилтон помина низ целната линија како третопласиран, но на крај падна на седмото место по доделената казна за судирот со Алекс Албон.
Пјер Гасли имаше незаборавна трка, она што не му успеа со Ред Бул, му успеа со Торо Росо, забележувајќи го првиот пласман на Победничкиот Подиум со второто место. Карлос Саинц Јр. по казната за Луис Хамилтон го наследи пехарот за трето место, забележувајќи го првиот подиум за Мекларен од далечната 2014 година.
Стартот на викендот во Бразил, во петокот, беше во знак на очигледното враќање на големата предност на Ферари на правците.
Но, во саботата на Квалификациите, Макс Верстапен имаше само 0.150 секунди дефицит на правците во однос на црвените болиди и ја обезбеди Пол позицијата за минимални 0.123 секунди од Себастијан Ветел, потпомогнат од аеродинамичната ефикаснот на РБ15 во долгиот среден сектор.
Со карактеристиките на ефикасно турбо на Хонда кое работи добро и на поголеми надморски височини, каде пак Мерцедес и Ферари губат од својата моќност, се се сврти во корист на Ред Бул. Сепак, штета за нив што патеките кои се на поголема надморска височина се реткост.
За време на трката асфалтот се загреа 20 степени повеќе од претходните два дена, па сите кои стартуваа со црвени гуми беа во дилема дали ќе ја завршат трката со планираното едно застанување во бокс.
Со гаснењето на црвените светла Верстапен лесно го задржа водството, додека Луис Хамилтон имаше дуел со Себастијан Ветел низ Сена С шиканата за второто место. Холанѓанецот брзо направи разлика да не биде во опсег на ДРС-системот на Хамилтон, разлика која се движеше во опсегот 2-2.5 секунди во текот на првиот стинт.
Чарлс Леклерк по стартот од 14тата позиција имаше задача да напредува низ поредокот, па кога го помина Пјер Гасли за 6-тото место и се приклучи на најбрзите возачи време беше за првите влегувања во бокс.
Од Мерцедес АМГ и Луис Хамилтон, слушнавме дека во опција ќе имаат и поагресивен пристап кон трката по обезбедувањето на двете Титули. Поради тоа, дополнето и со фактот дека Ветел не може да одржи чекор со лидерите и почна да заостанува пет секунди, Луис Хамилтон беше повикан во бокс на крајот од 20от круг. Во тие моменти разликата до Верстапен беше намалена на 1.8 секунди.
Со нови црвени гуми, Британецот веднаш тргна во поставување на најбрз можен круг. Шампионот уредно го направи тоа, но имаше и дополнителна помош од Роберт Кубица, кој беше пуштен од бокс речиси пред Ред Булот кој се движеше низ пит-линијата, па Верстапен мораше да преземе избегнувачки маневар за да не дојде со судир.
Од Ред Бул веруваат дека изгубеното време со Кубица, беше причина за губење на првото место на патеката и покрај брзиот нивни пит-стоп од само 1.9 секунди. Кога Вилијамс се тргна настрана Верстапен беше 1.7 зад Хамилтон.
Во тие моменти, возачот на Мерцедес се доближи до Чарлс Леклерк, кој имаше долг стинг на неговите почетни жолти гуми на Пирели. Моначанецот беше решен веќе по неколку свиоци, но тука беше и Верстапен кој исто така имаше лесна задача со Ферарито.
Со доаѓањето на стартно/целната рамнина, за многумина неочекувано, Луис Хамилтон, Шампионот во Шампионскиот болид беше немоќен да се спротистави на болидот на Ред Бул, кој буквално го претелета со помош на ДРС-системот.
Макс Верстапен, многу полесно од очекуваното се врати на првото место. Хамилтон се обиде да се врати во водство, но обидот беше неуспешен. Неколку моменти подоцна, по тимското радио слушнавме поплака од негова страна околу состојбата на неговите акумулатори.
По завршување на трката, Џејмс Алисон, даде објаснување околу таа забелешка на Британецот: "Ние ја имавме искористено најголем дел од енергија складирана во акумулаторите, како би успеале да го претекнеме Макс преку пораното влегување во бокс, па во моментот кога се случи претекнувањето ние бевме лесна цел за него, со болид кој имаше доста добра брзина на правците за време на целиот викенд. Без помош од ЕРС системот видовте што се случи. Можеби можевме да му дадеме полу-шанса да се одбрани, но претекнувањето на Леклерк ги закомплицира работите."
Луис Хамилтон иако со сите сили се обидуваше да го превземе водството, во услови на зголемен ветер, кој го отежнуваше возењето на болидите, тешко успеваше да држи чекор со водечкиот, а не пак да направи посериозен притисок врз Верстапен.
Првично, разликата беше слична на онаа од првиот стинт, но до крајот на 35от круг таа порасна на 3.4 секунди. Хамилтон се жалеше на новиот сет на црвени гуми, кои едвај дочека да ги промени на крајот од 43от круг. Предвидливо, од Ред Бул го покрија овој потег и Макс се врати на патеката 1.5 секунда пред Британецот. И така ќе завршеше трката, особено без поголеми предизвици од Луис Хамилтон.
Зад нив Себастијан Ветел имаше контрола врз третото место, застана по жолти гуми на крајот на 25от круг, правејќи втор пит-стоп во 49от круг за црвени гуми.
Вториот возач на Мерцедес АМГ, Валтери Ботас беше на стратегија со едно застанување во бокс, кога на крајот од скутот 26, премина на белите гуми на Пирели, која е најбавната смеша, но како што изминуваше времето не се покажа и како поиздржлива од жолтите гуми.
Тоа доведе до тоа што Финецот мораше да оди по втор пат во бокс во 41от круг. Зад него на петтото место беше Алекс Албон во вториот болид на Ред Бул, кој премина на жолти гуми во 24от круг, а потоа премина на меки во 50от.
Текот на трката се смени во 52от круг. На крајот од претходниот круг, моторот во болидот на Ботас почна да испушта бел чад. Тој успеа да стигне до вториот поголем правец на патеката по што неговиот болид изгуби моќност и тој да се повлече од трката, непосредно откако два круга пред овој инцидент го постави убедливо најбрзиот круг на трката.
Ботас го паркира својот болид покрај бариерите во близина на излезна точка, по што Мерцедесот требаше да биде истуркан неколку метри, без да се прекинува трката. Но, поради нерамнините на тревнатата овршина маршалите не беа во можност да го поместат болидот, така што напомош беше повикан еден од тракторите.
Како резултат на неговото излегување пред заштитните бариери мораше да биде распоредно безбедносното возило кога лидерите веќе го имаа започнато 54-от круг. Со тоа се создаде стратешки момент, во кој на Хамилтон му беше даден совет да го направи спротивното од Верстапен, кој беше повикан да земе нов сет на црвени гуми.
" Во тие моменти како да игравме партија шах", изјави Хорнер по трката. "На Хамилтон веќе му беше најавено да го направи спротивното од нас, така што да ја дадеме позицијата на патеката беше прилично храбра одлука од наша страна. За тоа да го направите треба да бидете сигурни дека ќе може да си ја вратите на патеката. Ние веќе еднаш го имавме тоа направено. Почувствувавме дека со предноста на новите и помеки црвени гуми, дека Макс повторно ќе успее да го врати водството."
Леклерк, на шестото место, се реши да го стори истото, па кога трката се врати во нормален тек на крајот на 59от круг, Хамилтон водеше пред Верстапен, Ветел, Албон и Леклерк.
Британецот се обиде да го одложи рестартирањето што е можно подолго за да го спречи Верстапен да нападне со сета сила. Но, се беше бадијала кога Холанѓанецот беше рамо до рамо на крајот од стартно/целниот правец се провлече заедно со него низ Сена С шиканата, по која излезе како лидер на трката за втор и последен пат и покрај тоа што повторно Хамилтон имаше обид да се врати на првото место, но неуспешен.
Зад нив, Алекс Албон се обиде со сличен потег да го претекне Ветел, не толку убедлив како својот тимски колега, но и покрај излегувањето надвор од асфалтот на вештачката трева, по првиот свиок успеа да стигне до третото место.
Чарлс Леклерк исто така беше решен да ја искористи предноста на новите црвени гуми, па го нападна својот тимски колега веќе во следниот круг при сопирањето за шиканата Сена С, за четвртото место.
Германецот се обиде да врати на со помош на ДРС системот речиси го претекна Моначанецот и беше во подобра позиција за влез во Десида до Лаго, т.е. 4от свиок, кога реши да се помести кон лево по што дојде до допир помеѓу неговото лево задно тркало и предното десно на Леклерк.
Контактот беше минимален но, резултатот по Ферари и двајцата возачи беше катастрофален. Двата болиди на Ферари беа надвор од трката како резултат на дупнати гуми. Се ова резултираше со уште едно влегување на безбедносното возило во 66от круг.
На изненадување на сите, Луис Хамилтон се реши да влезе во бокс по нов сет на црвени гуми за она што требаше да биде многу краток стинт до крајот на 71-от круг. Претходно преку радиото му беше кажано дека ќе изгуби едно место и дека на него е да одлучи дали ќе влезе во бокс. Но, по враќањето на патеката тој се најде на 4тото место зад Алекс Албон, но и зад Пјер Гасли со Торо Росо, кој не се ни наоѓал во пресметките на стратезите на Мерцедес АМГ.
По рестартот на трката, Луис Хамилтон, очекувано, имаше лесна задача со болидот на Торо Росо, по што тргна во напад кон Тајланѓанецот во Ред Бул. Се чинеше дека и тој ќе биде лесна задача, по завземањето на невообичаено широката линија за движење низ Сена С шиканата.
Тоа создаде неверојатно голем отвор, привлечен за напад од внатрешната страна при излез од шиканата, кој Британецот се обиде да го искористи, но денес брзиот Ред Бул брзо го затвори, по што иако Хамилтон се обиде да закочи, дојде до контакт што резултираше со извртување на РБ15.
По завршување на трката, Хамилтон беше казнет со 5 секунди на своето време, за предизвикување судир.
"Ова е првпат по подолго време да имам контакт со некого, но видов можност да претекнување и загризав. Можноста се затвори многу, многу брзо. Отидов директно до него по трката да се извинам."
Алекс Албон изјави дека поради поставеноста на болдиот не виде дека Хамилтон се решил да нападне, при што извртувањето го донесе на 14тото место во конечниот пласман. Додека Албон беше големиот губитник, воодушевениот Пјер Гасли од четврто се најде на второто место како резултат на инциденот.
Но, тој сè уште го имаше Луис Хамилтон, зад себе, иако Мерцедесот беше со нецелосно предно крило. Во последниот круг, Французинот мораше да се одбрани во 13-от свиок, не давајќи му можност на Хамилтон да нападне повторно до последниот свиок кога Мерцедесот излезе покрај него во трка до целната линија. Пјер Гасли се држеше цврсто и, во последните неколку стотици метри, моќта на Хонда му дозволи да остане прв да ја помине целната линија, за само 0.062 делови од секундата.
Казната на Хамилтон исто така го промовираше Карлос Саинц Јр. на третото место и покрај тоа што неговиот Мекларен стартуваше од последата позиција. Со стратегија од едно застанување тој успеа да ги задржи возачите на Алфа Ромео зад себе по рестартот на трката. Шпанецот стигна до својот прв подиум во Формула 1, и прв за Мекларен по далечната 2014 година.
Во меѓувреме, Хамилтон беше класифициран на седмо место, по Кими Раиконен, Антонио Џовинаци и Даниел Рикиардо. Ландо Норис, Серџо Перез и Даниел Квјат го комплетираа списокот на освојувачи на бодови.
Иако може да се каже дека неделата беше ретко лош ден по Хамилтон, Макс Верстапен со своите две престигнувања на Шампионот, не потсети дека има голем потенцијал. На Формула 1 и недостигаат битки од овој тип, фалат повеќе соочувања помеѓу овие двајца. Замислете што може да постигне Макс ако Ред Бул и Хонда можат да му го дадат најдобриот болид за следната година. Осмата Победа на Верстапен го става пред Ботас на листата на Победници, што е импресивно достигнување кога ќе ги споредите болидите што ги возеле во изминатите три години.
Голема Награда на Бразил, Хозе Карлос Паче 71 круга, 305.909км., Време: Сончево. |
|||
ПЛАСМАН: | |||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ |
1. | Макс Верстапен | Ред Бул | 1ч33:14.678 |
2. | Пјер Гасли | Торо Росо | + 6.077 |
3. | Карлос Саинц Јр. | Мекларен | +8.896 |
4. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | + 9.452 |
5. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | +10.201 |
6. | Даниел Рикиардо | Рено | + 10.541 |
7. | Луис Хамилтон* | Мерцедес АМГ | + 11.139 |
8. | Ландо Норис | Мекларен | + 11.204 |
9. | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | + 11.529 |
10. | Даниел Квјат | Торо Росо | + 11.931 |
11. | Кевин Магнусен | Хас | + 12.732 |
12. | Џорџ Расел | Вилијамс | + 13.599 |
13. | Роман Грожан | Хас | + 14.274 |
14. | Алекс Албон | Ред Бул | + 14.927 |
15. | Нико Хулкенберг** | Рено | + 18.059 |
16. | Роберт Кубица | Вилијамс | + 1 круг |
17. | Себастијан Ветел | Ферари | Без Финиш |
18. | Чарлс Леклерк | Ферари | Без Финиш |
19. | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | Без Финиш |
НАЈБРЗ КРУГ: ВАЛТЕРИ БОТАС - 1:10.698 | |||
БЕЗ ПЛАСМАН: | |||
20. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | дефект |
* +5 сек. - Предизвикување Судир
** +5 сек. - Претекнување под Безбедносно Возило
2014 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1ч30:02.555 2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1ч31:09.090 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 3ч01:01.335 2017 Себастијан Ветел - Ферари - 1ч31:35.335 2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч27:09.066 2019 Макс Верстапен - Ред Бул - 1ч33:14.678 @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
***ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН ПО 20/21 ТРКИ*** | |||
ВОЗАЧИ: | |||
1. | Луис Хамилтон | 387 | |
2. | Валтери Ботас | 314 | |
3. | Макс Верстапен | 260 | |
4. | Чарлс Леклерк | 249 | |
5. | Себастијан Ветел | 230 | |
6. | Пјер Гасли | 95 | |
7. | Карлос Саинц Јр. | 95 | |
8. | Алекс Албон | 84 | |
9. | Даниел Рикиардо | 54 | |
10. | Серџо Перез | 46 | |
11. | Ландо Норис | 45 | |
12. | Кими Раиконен | 43 | |
13. | Нико Хулкенберг | 37 | |
14. | Даниел Квјат | 35 | |
15. | Ленс Строл | 21 | |
16. | Кевин Магнусен | 20 | |
17. | Антонио Џовинаци | 14 | |
18. | Роман Грожан | 8 | |
19. | Роберт Кубица | 1 | |
20. | Џорџ Расел | 0 | |
КОНСТРУКТОРИ: | |||
1. | Мерцедес АМГ | 701 | |
2. | Ферари | 479 | |
3. | Ред Бул | 391 | |
4. | Мекларен | 140 | |
5. | Рено | 91 | |
6. | Торо Росо | 83 | |
7. | Рејсинг Поинт | 67 | |
8. | Алфа Ромео | 57 | |
9. | Хас | 28 | |
10. | Вилијамс | 1 |