Квалификациите за Големата Награда на Сао Пауло мораше да бидат одложени за недела поради интензивниот дожд што попладнево ја погоди патеката Интерлагос.
Викендот кој досега помина без дожд на сите сесии, од тренинг сесијата до спринтот, помина во доминација на возачите на Мекларен кои беа најбрзи на тренинг сесијата и исто така имаа 1-2 пласман на Спринт Квалификациите и Спринтот.
Затоа, тимот од Вокинг беше фаворит за обезбедување на првиот стартен ред на денешните квалификации. Сепак, ќе треба да почекаме до утре за да дознаеме дали ќе го остварат тоаво пракса.
Дождот почна да врне многу силно на околу 45 минути до почетокот на квалификациската сесија и во ниту еден момент не престана да паѓа.
Имаше неколку ажурирања што ги даваше ФИА. Најпрво одеа на секои 15 минути, но потоа, во 19:30 часот по македонско време, рекоа дека следното ажурирање ќе пристигне во 20:00 часот.
Безбедносното возило излегуваше на многу влажната патека Интерлагос, а ФИА продолжи да го одложува почетокот на квалификациите, се додека имаше доволно дневна светлина.
На крајот, ФИА и Формула 1 мораа да ги одложат квалификациите за утре. Временската прогноза најавува врнежи од дожд и во текот на утрешниот ден.
Во текот на вечерните часови, ФИА потврди дека квалификациите ќе се одржат во 11:30 часот по македонско време. Понатаму, поради прогнозата за дожд во моментот на трката, исто така е одлучено таа да се помести за 16:30 часот по македонско време.
Според Федерацијата, ова ќе осигури поголеми можностите за одржување на трката и ФИА и Формула 1 веруваат дека оваа промена на распоредот е неопходна и вистинска работа за сите фанови.
ОДЛОЖЕНИ КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА САО ПАУЛО
11/02/2024 06:32:00 PM
0
Share to other apps