Ландо Норис е победник на Спринтот за Големата Награда на Сао Пауло и намали два поени од водството на Макс Ферстапен кој беше трет.
Оскар Пјастри ја имаше победата во свои раце, но му ја поклони на својот тимски колега во 22-от круг. 1-2 пласманот на Мекларен никогаш не беше доведен во прашање.
Тркачкото темпо на Ферари исчезна, па Чарлс Леклер не можеше да се одбрани од Макс, завршувајќи на четвртото место, пред Карлос Саинц Јр. на петтото.
По стартот, Топ 8, позициите останаа непроменети, целата акција беше насочена кон возачите кои немаат пласман во поени.
Во таква ситуација, на Ландо Норис не му требаше долго да се "побуни" преку тимското радио, и да побара промена на места со својот тимски колега, а поназад Макс Ферстапен беше залепен зад задното крило на болидот на Чарлс Леклер за третото место.
Во финалните моменти на спринтот, бевме на работ да гледаме драматична завршница поради воведување на режим на виртуелното безбедносно возило откако Нико Хулкенберг застана покрај патеката.
Пјастри му го предаде првото место на Норис, а Макс Ферстапен го престигна Леклер и заврши на третото место, пред возачите на Ферари. Џорџ Расел се тркаше за шестото место, пред Пјер Гасли и Серџо Перез.
Претпоследниот спринт од оваа 2024 Ф1 сезона се одржа на патеката Интерлагос во Бразил, место кое е редовен домаќин од воведувањето на овој формат.
Вчера, Оскар Пјастри го победи Ландо Норис за 29 илјадитинки, а битката исто така беше тесна меѓу возачите на Ферари и Макс Ферстапен. Во последен момент возачите на Астон Мартин решија да стартуваат од Пит-Линијата. Сите возачи ги избраа жолтите гуми за старт на спринтот.
Како што претходно напоменавме имавме супер чист старт без промена на позициите на првитње 8 места кои носат поени.
Оскар Пјастри имаше добра реакција и не му даде шанса на Ландо Норис да го превземе водството, додека Чарлс Леклер се задржа на третото место и покрај нападот на Макс Ферстапен во внатрешноста на првиот свиок.
Карлос Саинц Јр. остана на петтото место, пред Џорџ Расел, Пјер Гасли, Лиам Лосон.
За само неколку круга, возачите на Мекларен излегоа од ДРС-опсегот во однос на Леклер, кој беше во дефанзива, бранејќи го третото место од Ферстапен.
Напред Пјастри доби инструкција да обезбедува користење на ДРС-системот од страна на Ландо Норис, што допринесе Чарлс Леклер и Макс да се вратат под една секунда со Норис.
Карлос Саинц Јр. немаше темпо да ги следи водечките и имаше мирна трка на петтото место, на неколку секунди зад Макс. Спринтот се стабилизираше околу петтиот круг, кога се чинеше дека сите возачи преминаа во режим на управување.
Во тој момент, Ландо Норис преку радио укажа дека е доволно блиску до Пјастри, јасно алудирајќи за тимска наредба.
Изненадувачки, Оскар Пјастри успеа да се дистанцира од Ландо Норис во осмиот круг, па дури и излезе надвор од ДРС зоната, но набрзо разликата повторно се врати под една секунда.
Во 13-от круг, Чарлс Леклер направи мала грешка и не само што заостануваше повеќе од секунда зад Ландо Норис, туку Макс Ферстапен за малку ќе имаше шанса да го претекне.
На пит-ѕидот на Мекларен размислуваа за рамена на позиции во последните моменти од спринтот.
"Со разликата што ја имаме во однос на Леклер, би биле среќни доколку останеме вака до последниот круг", му беше кажано на Ландо Норис.
Возачите на Мекларен немаа проблеми со гумите, но Ферарито беше во големи проблеми и Чарлс Леклер не само што повеќе не можеше да се врати во ДРС-опсегот, туку беше претекнат од Ферстапен во 19-от круг.
Во последните кругови се чинеше дека Ферстапен има темпо да се обиде да ги стигне возачите на Мекларен. Но, болидот на Хас, тој на Нико Хулкенберг имаше дефект и во 20-от круг тој се паркираше покрај патеката.
Тимот од Вокинг сè уште ги немаше сменето местата на своите возачи, а ситуацијата навестуваше безбедносно или виртуелно безбедносно возило.
Најизненадувачки е што директорот на трката чекаше цели два круга да воведе режим на ВБВ, веднаш откако Пјастри го пушти Норис да помине.
Трката беше рестартирана во последниот круг, Ферстапен практично се изедначи со Пјастри, но на крајот немаше промена на местата и Норис беше победник на спринтот.
Чарлс Леклер заостануваше повеќе од четири секунди зад Ферстапен, а Карлос Саинц Јр. беше петти, пред Џорџ Расел, Пјер Гасли и Серџо Перез, кој денеска повторно се бореше со Лиам Лосон и го доби последниот поен.
Стјуардите на Големата Награда на Сао Пауло го казнија Макс Ферстапен по финишот на саботниот спринт. Холанѓанецот направил прекршок за време на режимот на виртуелно безбедносно возило.
Спортските регулативи наведуваат дека кога овој режим е исклучен, возачите не смеат да бидат поблиску до болидот пред себе повеќе од пресметаното минимално време.
Макс Ферстапен го надминал минималното време за 0.63 секунди, со други зборови, беше поблиску до Оскар Пјастри отколку што дозволуваат прописите.
За ова, Макс беше казнет со казна од плус пет секунди на неговиот резултат што значеше негов пад од третото на четвртото место, зад Чарлс Леклер.
МЕКЛАРЕН ОДИГРА ТИМСКИ, ПЈАСТРИ МУ ПОКЛОНИ ПОБЕДА НА НОРИС
11/02/2024 02:50:00 PM
0
Share to other apps