Со Големата Награда на Сао Пауло, Бразил, завршува интересна серија од три последователни трки, Остин, Мексико Сити, Сао Пауло, но не и американската турнеја во Формула 1, бидејќи за две недели следува трка во Лас Вегас.
На помалку од еден месец до крајот на сезоната, борбата за титулите остануваат отворени, а по денешниот невообичаен пласман на квалификациите ќе бидат уште понеизвесни.
Веќе четврта година, трката во Бразил е применувана во Голема Награда на Сао Пауло, како и во Мексико, се покажа дека е полесно да се најде финансирање на локално ниво отколку на државно ниво.
И ако Големата Награда на Бразил во Сао Пауло секогаш беше на работ на откажување поради повеќе причини, тогаш Големата Награда на Сао Пауло е целосно успешен настан.
Бразилската јавност не е ништо помалку емотивна од мексиканската и подобро ја разбира Формула 1. Штета е што на повидок се уште нема наследник на легендарниот Аиртон Сена, но за тоа е потребен талентиран возач и богат покровител.
Хозе Карлос Паче е една од неколкуте патеки каде се вози спротивно на стрелките од часовникот.
Таа се состои од кривулест дел помеѓу свиоците 6 и 12, со три долги правци помеѓу свиоците три и четири, пет и шест, и после 14-от свиок до почетната "S"(Сена) шикана. Воедно, завршетокот на трето споменатиот правец е најидеалното место за претекнување.
Во минатото кога трките кои се возат во спротивна насока биле новост, тие биле тешки за навикнување за возачите. Во модерната ера, тоа повеќе би предизвикало механички проблеми на болидите, како "бегање" на горивото, водата, маслото спротивно од нивните пумпи.
Како и при секој тркачки викенд инженерите треба да најдат добар сет-ап на болидот со компромис на потисната сила која е посакувана низ тесниот и кривулест дел, но, непосакувана на правците, каде што болидот треба да постигне што е можно поголема максимална брзина.
Како и секогаш во Ф1, деталите се тие што ја прават разликата, а ризикот од сообраќај и излегување на безбедносното возило исто така се фактор на брзата и компактна патека Интерлагос. Временските услови најавуваат влажна трка, а тие се најинтересни за нас гледачите, но ноќна мора за тимовите кои треба да ја погодат вистинската стратегија и што е поважно одлуките да се донесат во вистинскиот момент.
Додека се поправаше болидот на Карлос Саинц Јр. по излетувањето во квалификациите, Ферари одлучи да ја замени ПЕ и менувачот. Со тоа се прекршува режимот на затворен паркинг, па Шпанецот ќе стартува од пит-линијата.
Механичарите на Алекс Албон не успеаја да го поправат болидот на Вилијамс и тој нема да ја стартува трката, П7 ќе остане празно.
НАЈАВА ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА САО ПАУЛО
11/03/2024 03:59:00 PM
0
Share to other apps