По анализата на сите резултати и тимските проценки од неодамнешниот тест во Абу Даби, беше извршено гласање за 2020 спецификацијата на гумите на Пирели според членот 12.6.1 од техничките прописи.
Гласањето резултираше со едногласна одлука на Ф1 тимовите да се задржат гумите со сегашните 2019 спецификации за наредната 2020 сезона од Формула 1 Шампионатот. Заедно Пирели, ФИА и Ф1 тимовите зедоа предвид неколку различни фактори за донесување на оваа одлука:
- Тимовите нема да треба да ги менуваат дизајните на нивните нови болиди, што инаку би било неопходно за да се прилагодат на различниот профил на конструкција на планираните гуми за 2020 година.
- Тоа ќе им овозможи на тимовите да продолжат со развојот на своите 2020 болиди, кој што веќе е во напредна фаза. Употребата на тековната 2019 спецификација на гумите, исто така, им гарантира стабилност на тимовите, со предност да користат добро познат производ во текот на последната сезона од тековните регулативи.
- Новите решенија на Пирели за 2020 гумите, тестирани во Абу Даби, ќе продолжат да се развиваат и користат за новата ера на 18 инчи гуми кои ќе се користат од 2021 година.
Новата спецификација овозможува употреба на пониски притисоци во гумите од оние што се користат во моментот, што значи дека тие ќе бидат во можност да ги компензираат зголемените перформанси што се очекуваат од следната генерација на болиди.
Овие нови решенија применети на 18-инчните гуми, на првите тест сесии покажале позитивни резултати. Кампањата на развојни тест сесии со 18-инчни гуми ќе продолжи во текот на 2020 година, со почеток во Февруари на патеката Херез, Шпанија со болидот на Ферари.
ФОРМУЛА 1 ЌЕ ГИ ЗАДРЖИ 2019 ГУМИТЕ НА ПИРЕЛИ ЗА СЛЕДНАТА 2020 СЕЗОНА
12/18/2019 09:17:00 PM
0
Tags
Share to other apps