Кога е изградена патеката?
Како и Силверстоун, Зандворт за првпат беше отворена во 1948 година, како дел од повоениот бран на ентузијазам за мотоспортот што ја зафати Европа. Првично беше создадена од мешавина од постојана патека и јавни патишта што се пробиваа низ песочните дини на туристичкиот град Зандворт. Холандскиот автомото клуб, кој ги иницираше плановите за патеката, го донесе Семи Дејвис, победник на Ле Ман во 1927 година, за да се консултира околу конфигурацијата на оригиналната патека од 4.2 километри.
- Кога беше првата трка?
Формула 1 пристигна во холандските дини во 1952 година, а Алберто Аскари доминираше на трката, предводејќи ја 1-2-3 Победтата за Ферари. Формула 1 ќе продолжи да се трка на патеката до 1985 година. Во 2019 година, беше објавено дека шампионатот ќе се врати во Зандворт за 2020 година, по 35-годишна пауза, но пандемијата со коронавирусот значеше дека паузата стана 36 години и новиот кам-бек се случи во 2021 година.
- Каква е патеката?
"Навистина брзa", "прилично лудa", "лудa" и "стара-школа" беа изразите што ги користеа тековните Ф1 возачи кога им беше побарано да ја опишат патеката Зандворт со која многумина од нив се справуваа во деновите од јуниор категориите на мотоспортот. Патеката Зандворт се бранува и тече низ песочните дини, создавајќи чувство дека се возите на ролеркостер. Патеката се модернизираше за враќањето на Ф1, вклучително и зголемување на закосеноста на познатиот Тарзан свиок на високи 18 степени. Со тоа Зандворт останува предизвикувачка патека за возачите.
<
DUTCH GRAND PRIX (Circuit Zandvoort)
12/18/2019 09:28:00 PM
0
Share to other apps