Тимот на Скудерија Ферари објави дека го продолжи договорот со Чарлс Леклерк. Моначанецот ја стартуваше својата кариера најпрвин во редовите на Возачката академија на Ферари, на која се приклучи во 2016 година, и за брзо време стигна до возачкото место во првиот тим, за кој ќе вози барем до крајот на 2024 сезоната.
Чарлс Леклерк: "Јас сум многу среќен што останав со Скудерија Ферари. Оваа измината сезона возењето за најславниот тим во Формула 1 за мене беше година од соништата. Не можам да дочекам да развијам уште подлабока врска со тимот по што беше интензивна и возбудлива 2019 година. Јас сум нестрплив да видам што носи иднината и со возбуда го очекувам почетокот на следната сезона."
Матија Биното, Тимски Шеф: "Со секоја измината трка годинава, нашата желба да го продолжиме договорот со Чарлс стануваше сè поочигледна и оваа одлука значи дека тој ќе биде со нас во наредните пет сезони. Тоа покажува дека Чарлс и Ферари имаат цврста иднина заедно. Чарлс е дел од нашето семејство од 2016 година и ние сме повеќе од горди на резултатите што ги постигнуваме со нашата Академија. Затоа сме задоволни што можеме да објавиме дека тој ќе биде со нас уште многу години и сигурен сум дека заедно, ќе напишеме нови страници во историјата на тимот."
ЧАРЛС ЛЕКЛЕРК Е ИДНИНАТА НА ФЕРАРИ
12/24/2019 08:25:00 PM
0
Share to other apps