Денеска се одбележува почетокот на посебна година за Формула 1. 2020 година е седумдесетгодишнина на ФИА Ф1 Шампионатот, натпревар кој претставува врв на моторспортот, јубилеј кој ќе биде прославен со посебно лого, кое денес беше презентирано и кое од 6 јануари ќе биде видливо на сите дигитални платформи на Формула 1.
"За Формула 1 ова беа седумдесет години храброст и слава, моќ и гордост, солзи и триумф, брзина и неизвесност, но ние само се загреваме. Ние работевме напорно да стигнеме до ова ниво каде што сме денес и ние ќе продолжиме да го афирмираме најпознатиот мотоспорт шампионат на планетата. Во текот на 2020 година, ние ќе го прославиме ова достигнување на многу начини, а новото лого е само почеток на овие прослави."
Многу работи се случија во текот на овие седумдесет години. 33 возачи станаа Шампиони, 108 имаат забележано Победа, додека досега учествуваа 764 возачи и над 150 тимови. За сите овие достигнувања беше потребна сцена, која беше поставена во форма на тркачка патека, каде што тимовите и возачите водеа битки за Шампионските Титули.
Минатото ја напојува иднината, новото лого го одбележува овој јубилеј, но исто така гледа кон иднината. Одбележувањето 70 години е да се направи минатото дел од сегашноста, додека спортот гледа кон иднината, полн со самодоверба и гордост.
Двете линиии во новото лого и испреплетениот дизајн овозможуваат оваа ознака да ги испочитува тие патеки. Друга цел на овој дизајн е да им овозможи на радиодифузерите, промотерите, спонзорите и тимовите да вметнат свои бои во ознаката за обезбедување на персонализација во одбележувањето на годишнината во Формула 1.
ФОРМУЛА 1 ШАМПИОНАТОТ ПРОСЛАВУВА 70 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ
1/01/2020 01:22:00 PM
0
Share to other apps