Почетокот на сезоната е во Бахреин на 20 Март, завршува со трката во Абу Даби на 20 Ноември, непосредно со почетокот на Светското првенство во фудбал.
2022 година ќе биде сведок на враќање на Формула 1 во Флорида, САД, за прв пат од 1959 година, каде од 6-8 Мај ќе се одржи Мајами Гран При-то.
Пристигнувањето на пандемијата со коронавирусот имаше за резултат најголемо нарушување на Ф1 календарот во историјата на спортот, која започна со почетокот на 2020 сезоната, а нејзините ефекти се уште се чувствуваат.
Сепак, имавме позитивни работи, Ф1 истражуваше нови територии, како и повторно враќање на некои постари. Но, исто така, ни ја ускрати можноста да гледаме трки на некои сакани, испробани и проверени патеки од календарот.
Планот е таа ситуација да се поправи во 2022 година, а Сузука, Монтреал и Мелбурн да се вратат во календарот, откако сите три настани беа принудени да бидат откажани во 2021 година.
Откако оваа сезона се врати во календарот, за прв пат од 1985 година, Зандворт станува редовен настан, додека трета година по ред и Имола се враќа во календарот.
Во меѓувреме, Сочи ќе биде последен пат домаќин на Голема Награда на Русија пред настанот да се пресели на патеката Игора Драјв во Санкт Петербург за 2023 година.
Единствена жртва на тековната пандемија е Големата Награда на Кина, која повторно нема да се одржи, но се планира трката во Шангај да се врати во иднина кога ќе дозволат условите.
Една од промените во 2022 календарот ќе биде скратувањето на викендот за Големата Награда на Монако од четири дена на три. Петокот во Монако традиционално беше ден без акција на патеката.
Медиумските обврски се одржуваа во среда, Тренинг сесиите се одржуваа во четврток, пауза во петок, потоа саботниот тренинг и квалификациите во сабота и секако во недела трка.
Викендот во Монте Карло, се скратува во стандардните три дена, делумно за да се помогне со логистиката на тимовите, кои треба да можат да пристигнат во Монако еден ден подоцна од вообичаеното.
Една од повпечатливите карактеристики на 2022 календарот е што, и покрај 23 трки, ќе заврши на 20 Ноември, со Големата Награда на Абу Даби. Ќе гледаме два "стинта" од по три последователни трки. Сепак, тоа ќе обезбеди на тимовите и нивните вработени поголема зимска пауза пред почетокот на 2023 сезоната.
ОФИЦИЈАЛЕН 2022 КАЛЕНДАР |
|||
П. |
ТРКА |
ПАТЕКА |
ДАТУМ |
1. |
Бахреин |
Бахреин |
20 Март |
2. |
С.Арабија |
Џеда |
27 Март |
3. |
Австралија |
Алберт Парк |
10 Април |
4. |
Емилија Ромања |
Имола * |
24 Април |
5. |
Америка |
Мајами ** |
8 Мај |
6. |
Шпанија |
Барселона |
22 Мај |
7. |
Монако |
М.Карло |
29 Мај |
8. |
Азербејџан |
Баку |
12 Јуни |
9. |
Канада |
Жил Вилнев |
19 Јуни |
10. |
В.Британија |
Силверстоун |
3 Јули |
11. |
Австрија |
Ред Бул ринг |
10 Јули |
12. |
Франција |
Пол Рикард |
24 Јули |
13. |
Унгарија |
Хунгароринг |
31 Јули |
14. |
Белгија |
СПА-Франкоршамп |
28 Август |
15. |
Холандија |
Зандворт |
4 Септември |
16. |
Италија |
Монца |
11 Септември |
17. |
|
|
|
18. |
Сингапур |
Сингапур * |
2 Октомври |
19. |
Јапонија |
Сузука |
9 Октомври |
20. |
Америка |
Остин * |
23 Октомври |
21. |
Мексико |
Браќа Родригез |
30 Октомври |
22. |
Бразил |
Хозе Карлос Пејс |
13 Ноември |
23. |
Абу Даби |
Јас Марина |
20 Ноември |
* Потребно е потпишување на нов договор ** Потребна е хомологација на патеката @MkFormula1 – Република Македонија |