Како што забележувате наставката EQ Power+ e заменета со EQ Performance, како дел од стратегијата на Мерцедес АМГ, ознаката да биде стандардна за сите идни хибридни автомобили произведени од Мерцедес АМГ.
Ф1 Погонската Единица е најнапредна хибридна технологија, која ќе биде пионер во иднината на моторните трки и автомобилската технологија воопшто.
W11 го претставува фактот дека станува збор за единаесетти болид на Мерцедес АМГ по враќањето во Формула 1, во 2010 година.
Во 10:30 часот, тимот имаше кратка презентација од нивната гаража на патеката во Силверстон. Само 75 дена по последната трка од минатата сезона, тимот на Мерцедес АМГ ги комплетираше првите кругови на патеката.
Денешното возење е ограничено на 100 км., како и на секој официјален филмски ден на кој имаат прави сите Ф1 тимови. Тој обично се користи како завршна проверка на функционирањето на сите системи, пред првата предсезонска тест сесија во Барселона.
Прв зад воланот на новиот болид беше Валтери Ботас, додека Луис Хамилтон е планирано излезе на патеката во попладневните часови. И двајцата возачи едвај чекаа да се вратат во акција по зимската пауза, која што вклучуваше интензивен тренинг за да се подготват за претстојната сезона.
Валтери Ботас, вели: "Мислам дека ги имав едни од најдобрите зимски подготовки. Имав многу различни тренинзи во различни климатски зони. Подготвен сум и нестрпливо чекам да започне новата сезона. Јас поминав и доста време во возење, од рели трки до кучешки санки на снегот во Финска. Оваа сезона ќе биде навистина предизвик, но знам дека секој член на овој тим ќе даде се за да нè стави во најдобрата можна позиција за борба за врвот."
"2020 година ќе биде особено предизвикувачка затоа што ќе има тимови кои ќе се фокусираат на 2020 година и ќе има тимови кои ќе започнат да ги насочуваат своите ресурси кон 2021 година. Ќе биде многу важно да се направи вистинскиот компромис, но тоа не е така лесна задача", изјави Тото Волф. "Нашата амбиција е јасна: сакаме да бидеме конкурентни и во 2020 и во 2021 година. Ова е голем предизвик, но колку е поголем предизвикот, толку повеќе го посакуваме."
Луис Хамилтон рече: "Во текот на зимата, се обидов да анализирам каде бевме минатата година и како можам да се равивам и да се подобрувам како возач и како човечко суштество. Да се има постојаност ќе биде клучно за сите нас, не само во однос на издржливоста на нашиот болид, туку и за нас како возачи."
"Овој тим работи напорно за да ни ја даде оваа неверојатна машина, но, се зависи и од нас возачите, ако направиме и најмала грешка, тоа чини многу, па тоа е нешто на што навистина се обидов да се фокусирам, како можам да преминам на друго ниво како возач, како можам да извлечам повеќе од себе и од тимот и да се обидам да испорачам нешто навистина извонредно."
"Ова е моја осма година со овој тим и годинашниот предизвик е супер возбудлив. Не се сомневам дека секој член на тимот ќе се обиде да ги подигне границите уште повеќе, и јас ќе се обидам да го сторам истото."
10 ФЕВРУАРИ: МЕРЦЕДЕС АМГ ГИ ПРЕТСТАВИ НОВИОТ СПОНЗОР И НОВИТЕ 2020 БОИ
Презентацијата и првото појавување на 2020 болидот на Мерцедес АМГ, W11 Hybrid, ќе се случи на 14 Февруари на патеката Силверстоун, додека неговите бои беа прикажани на денешното објавување на договорот со Главниот Партнер, британската компанија ИНЕОС, кој ќе го спонзорира тимот во наредните 5 години.Тимот ги собра новинарите на прес-конференција со Тото Волф и Сер Џејмс Ратклиф, Претседател и извршен директор на ИНЕОС, во Кралскиот автомобилски клуб во Лондон.
Новиот изглед на Мерцедес АМГ беше прикажан на шасијата од 2019 година. Новина е тоа што на препознатливите бои на Мерцедес се додадени и темно црвени тонови на ИНЕОС кај горниот отвор за воздух и крајните плочи на предното крило.
Тото Волф, Шеф на тимот, коментираше: "Ние сме многу горди што можеме да му посакаме топло добредојде на ИНЕОС во Мерцедес како наш главен партнер. Амбицијата, динамиката и претприемништвото на оваа компанија се совршено прилагодени на духот на Мерцедес АМГ."
"Нашите компании се обединети со постојана желба за квалитет и силна посветеност за постигнување на врвни резултати. Ова партнерство ќе биде камен-темелник на нашите идни планови во Формула 1, уште еден доказ за привлечноста на овој мотоспорт за амбициозни глобални брендови."
Сер Џим Ратклиф, Основач и Претседател на ИНЕОС: "Горд момент е ИНЕОС да стане главен партнер на најдобриот тим во светот на Формула 1 и со тоа на еден од најпрестижните светски брендови, Мерцедес-Бенз."
"Тимот на Мерцедес АМГ е лидер во овој глобален мотоспорт и постојано докажува дека тие се врвот на технолошките иновации и човековите перформанси. Нивната решеност да ги редефинираат границите на она што е возможно ги прави вистински партнер за ИНЕОС."
"Зајакнување на нашето партнерство со Мерцедес АМГ, ќе ни овозможи да ги зголемиме перформансите низ поширокото спортско семејство на ИНЕОС."