Со оглед на континуираното ширење на COVID-19 и по тековните дискусии на ФИА, Меѓународната патека Бахреин, Автомобилската федерација на Бахреин, Народниот комитет на Ханој, Автомобилистичката асоцијација на Виетнам, и организаторите на Големата Награда на Виетнам, донесена е одлука да се одложат двете трки што беа закажани за 20-22 Март во Бахреин и 3-5 Април во Виетнам, соодветно.
По откажувањето на Австралиското Гран При, како и тековната и флуидна природа на ситуацијата со коронавирусот на глобално ниво, Формула 1, ФИА и промотерите ги донесоа овие одлуки со цел да се зачува здравјето и безбедноста на персоналот што патува, учесниците во шампионатот и фановите.
Формула 1 и ФИА продолжуваат да соработуваат со промоторите на трките во Бахреин и Виетнам и локалните власти за да ја следат состојбата, но и да се најдат соодветни датуми на кои би можело да се одржаат истите, доколку состојбата се подобри.
Како резултат, Формула 1 и ФИА очекуваат 2020 сезоната да стартува во Европа кон крајот на месец Мај, но со оглед на наглото зголемување на заразени со коронавирусот во Европа, ситуацијата редовно ќе се следи.
Жан Тод, Претседател на ФИА: "Најпрво ги заштитуваме луѓето. Сите засегнати страни, заедно со Формула 1, донесоа одлука за одложување на Формула 1 трките во Бахреин и Виетнам. Ние продолжуваме да се потпираме на информациите и советите од Светската здравствена организација (СЗО) и заедно со владите ќе работиме на заштита на фановите, натпреварувачите и целата мотоспорт заедница."
Чејс Кери, Претседателот и извршен директор на Формула 1, вели: "Глобалната состојба во однос на COVID-19 е флуидна и е многу тешко да се предвиди, па ние ќе одвоиме време за да ја процениме ситуацијата и да донесеме правилни одлуки. Безбедноста на сите вклучени во Формула 1 и на нашите фанови е наша приоритена задача."
"Големата Награда на Бахреин е возбудлива трка во нашиот календар и со нетрпение очекуваме да се вратиме таму што поскоро. Исто така се радуваме на инаугуративна трка во Виетнам и носење на спектаклот на Ф1 во еден од највозбудливите градови во светот, Ханој."
ОФИЦИЈАЛНО: ОДЛОЖЕНИ Ф1 ТРКИТЕ ВО БАХРЕИН И ВИЕТНАМ
3/13/2020 10:55:00 PM
0
Share to other apps