Во средата, еден од членовите на Мекларен се пожалил на малаксаност, поминал тест за коронавирус и бил испратен во хотелот пред да се појават резултатите.
По 30 часа, тимот беше информиран дека анализата е позитивна, што претставува почеток на низата настани што доведоа до откажување на Големата Награда на Австралија.
Мекларен ги идентификуваше сите оние со кои разболениот член бил во контакт и испрати 14 вработени во карантин, но проблемот е што тој во претходните денови бил во контакт и со членови на другите тимови, така што членовите на сите тимови ќе имаат две неделен карантин по враќањето во Европа, до 29 Март.
СИТЕ Ф1 ТИМОВИ ВО КАРАНТИН ДО 29 МАРТ
3/13/2020 11:33:00 AM
0
Share to other apps