По откажувањето на Големата Награда на Австралија, следуваше одложување на трките во Бахреин и Виетнам. Следни во 2020 календарот се трките во Зандворт и Барселона кои сè уште не се официјално одложени, но ситуацијата се движи кон тоа дека овие трки нема да се одржат во нивните закажани термини на почетокот на мај.
Рос Браун, Спортскиот директор на Формула 1, за британскиот Скај Спорт зборуваше за чекорите што тие планираат да ги преземат за да се извозат што е можно повеќе од одложените трки. Меѓу разгледаните опции се укинувањето на летната пауза и намалувањето на форматот на тркачкиот викенд на два дена за одложените трки.
"Ќе го разгледаме прашањето за презакажување на одложените трки на други датуми во оваа година. Откако ќе се укине летната пауза, ќе ослободиме неколку викенди за време на кои може да се одржуваат трки. Сигурен сум дека ќе можеме да составиме целосен календар за остатокот од годината."
"Тековната верзија на календарот ќе се промени, но ќе вклучува доволен број на тркачки викенди во кои ќе видиме возбудливи трки. Сезоната ќе започне подоцна, но ќе биде исто толку интересна како да би започнала сега."
"Влеговме во неистражена територија, но јас сум оптимист и мислам дека можеме да направиме календар со 17 до 18 трки или повеќе, но се зависи од кога ќе започне 2020 сезоната."
"Една од опциите што ја разгледуваме е одржување на викенд во дводневен формат. Ако форматот се намали на два дена, тогаш ќе имаме можност да ги извршиме зацртаните чекори. Оваа година, тимовите треба да бидат флексибилни и да ни дадат можност да спроведеме некои предлози, бидејќи бевме во необични околности."
"Ние мора да сториме сè за одржливост на сезоната, така што таа ќе остане рентабилна за сите Ф1 тимови. Ние не сакаме да ги ставиме тимовите во премногу тешки услови и да ги спроведеме промените во календарот ако еден од нив не се согласи на тоа. Сакаме мирно да ја започнеме сезоната, и сигурен сум дека тимовите ќе бидат флексибилни, овозможувајќи ни да ги реализираме нашите планови."
РОС БРАУН ПОСВЕТЕН НА СПАСУВАЊЕ НА 2020 Ф1 СЕЗОНАТА
3/14/2020 12:23:00 PM
0
Share to other apps