По објавата на ФИА дека анализата на 2019 Ферари ПЕ е завршена, седум Ф1 тимови, Мерцедес АМГ, Ред Бул, Мекларен, Рено, АлфаТури, Рејсинг Поинт и Вилијамс, напишаа отворено писмо до ФИА во кое изразија незадоволство од фактот дека резултатите од анализата се скриени со доверлив договор меѓу федерацијата и тимот.
Според германскиот АМуС, Мерцедес АМГ се повлекува од понатамошни приговори кон ФИА и Ферари, напуштајќи ја групата. Според нив оваа одлука е донесена од самиот врв на Мерцедес-Бенз по состанокот со извршниот директор на FCA и претседателот на Ферари, Џон Елкан.
Останатите тимови сè уште ги поддржуваат напорите ФИА да открие дали Ферари ги прекршил техничките регулативи од минатата година и се многу разочарани од одлуката на Мерцедес АМГ да се откаже од понатамошна постапка.
МЕРЦЕДЕС АМГ НЕМА ДА СЕ ЗАМЕРУВА СО ФЕРАРИ
3/17/2020 12:27:00 PM
0
Share to other apps