НАТАМУ Е ИЗЛЕЗОТ? |
Денес, прес службата на Ферари издаде официјално соопштение во кое се вклучени и изјавите на Ветел и Биното.
Германецот се гледаше како наследник на големиот Михаел Шумахер, но не ја освои шампионската титула, можеби има шанси во оваа пандемиска 2020 година, но колкава ќе биде довербата помеѓу разделените страни ќе видиме!!! Секако професионалноста од двете страни ќе биде присутна.
Себастијан Ветел го збогатува списокот во кој се вклучени имиња како што се Менсел, Прост, Алонсо. Себ останува да жали за 2018 година и неговите грешки на патеката. Како и за останатите возачи на тој список, тој заслужуваше повеќе, но судбината си поигра со него.
Себастијан Ветел: "Мојата врска со Ферари ќе заврши на крајот на 2020 година. Во врвниот мотоспорт, за да се постигнат извонредни резултати, важно е сите засегнати страни да работат во целосна хармонија. Јас и мојот тим сфативме дека немаме заедничка желба да останеме заедно по крајот на оваа сезона."
"Финансиските проблеми не одиграа никаква улога во нашата заедничка одлука. Јас не размислувам за пари кога станува збор за донесување на одредени одлуки и никогаш тоа нема да биде случај."
"Она што се случи во изминатите неколку месеци, натера многумина од нас да размислуваат кои се нашите главни приоритети во животот. Во новата ситуација, потребен е нов пристап. Лично, јас ќе земам одредено време да размислам за тоа како јас ја гледам мојата иднина."
"Скудерија Ферари има посебно место во Формула 1. Се надевам дека тимот ќе го постигне успехот што го заслужува. Сакам да се заблагодарам на целото семејство Ферари и, пред сè, на нивните фанови ширум светот, за поддршката што ми ја пружаа многу години."
"Мојата непосредна цел е да го завршам "долгиот стинт" со Ферари со неколку прекрасни моменти, кои би ги додал на она што веќе го имавме."
Матија Биното, Тимски Шеф: "Ова е заедничка одлука на тимот и на Себастијан и обете страни веруваат дека ова е правилната одлука. Со оглед на вредноста на Себастијан како спортист и човек, одлуката не беше лесна."
"Но, не постои ниту една специфична причина, освен вообичаеното и пријателско убедување, дека е дојдено време нашите цели да ги постигнеме по различни патишта."
"Себастијан веќе влезе во историјата на Ферари, 14те Победи го прават третиот најуспешен возач во историјата на тимот. Во текот на пет години соработка, тој ја заврши сезоната три пати во првите три, давајќи значаен придонес во конечниот пласман во шампионатот на конструктори."
"Во име на сите вработени во Ферари, сакам да му се заблагодарам на Себастијан за високиот професионализам и човечките квалитети што ги покажа во текот на овие пет години, за што споделивме толку многу прекрасни моменти."
"Не бевме во можност да ја освоиме шампионската титула заедно, што ќе беше негова петта, но веруваме дека можеме да постигнеме многу во оваа необична 2020 сезона."