Наодите од ова истражување ќе доведат до подобрување на безбедноста во мотоспортот, како и развој на нови алатки за тркачките директори и подобрување на безбедносната инфраструктура на патеките.
Резиме на препораките за безбедност кои имаат врска со Формула 1 Шампионатот:
БОЛИДИ
Систем за контрола на остатоци.
- За да се ублажи и/или да се спречи исфрлање на остатоци од болидите за време на инцидент, ќе бидат развиени технички решенија кои имаат за цел да обезбедат големите остатоци да се задржуваат кон возилото што учествува во инцидентот.
- Во случај на структурно големи остатоци, ќе се испитува решение за "врзување", како што досега е случај со тркалата на болидите.
- За помали остатоци, ќе бидат испитани помалку наметливи и понови решенија, како што се алтернативни материјали, специјално дизајнирани за да помогнат во намалувањето на остатоците при инцидентите.
Пасивна безбедност и ќелии за преживување
- Ќе се ревидираат спецификациите на предните и страничните "crash" структури во однос на вкупната апсорпција на енергијата и нивната ефикасност при судир болид со болид.
- Целта е да се зголеми вкупната способност за апсорпција на енергија на предната "crash" структурa, нивна имплементација во сите шампионати на едноседи, како и да се дизајнираат компатибилни ќелии за преживување(кокпит ќелија) кои соодвествуваат со забрзувањата на возилото. Овој процес е веќе во тек за Формула 1, Формула 4 и Формула Е, додека за Формула 2 и Формула 3 ќе бидат вклучени во следното ажурирање на болидите.
- Започнато е истражување за новата генерација на странична "crash" структура. Новиот дизајн ќе има за цел дополнително да се зголеми регулираната способност за апсорпција на енергија кај Формула болидите.
Дизајн на предните крила и нивно прицврстување
- Планирана е ревизија на дизајнот на предното крило и неговото прицврстување со носот на болидот, со цел да се анулираат загубите на целосни елементи и безбедносните ризици поврзани со овој вид дефекти.
- Со оваа ревизија ќе се разгледа можноста дали идните генерации на болиди би можеле да вклучат дизајни на предното крило кои вклучуваат точки на "контролирани дефекти", односно главната рамнина на предното крило би можела да биде заштитена, така што, доколку надворешните делови на крилото се оштетат,само тие делови да се одвојат, со цел да се ослободи нивниот притисок кон носот на болидот.
Дизајн и фиксација на потпирачот за глава
- Целта е да се подобрат дизајнот и спецификациите за да се зголеми стабилноста на задржување и да се зголеми веројатноста дека сите (или некои) од потпирачите за глава ќе останат во истата позиција за време и после голем инцидент.
ЕЛЕКТРОНСКИ СИСТЕМИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Систем за известување и ублажување на несреќи
- Ќе бидат испитани технолошките решенија за да им се помогне помогне на возачите кога имаме намалена видливост поради специфичната конфигурација на секоја патека, со цел да се избегне каков било застој во известувањето на возачите дека се приближуваат до местото на инцидентот, со што ќе се гарантира брза и сигурна информација за статусот на патеката.
- Предложени се два чекори. Почетен чекор за подобрување на известувањето на возачот да се постигне со употреба на тековната технологија, како што се светлата за дожд на болидите, само со мали ажурирања на хардверот на болидите.
Светлото за дожд или кој било друг извор на светлина монтирана на задниот дел од болидот да може да се користи за прикажување на статусот на патеката, т.е. да дејствува како "повторувач на жолто знаме" директно лоциран во видеокругот на возачите кои се приближуваат.
Покрај тоа, светлосниот систем евентуално би се користел за да им се укаже на возачите кои се приближуваат кога болидот пред нив значително забавува како резултат на зона со жолто знаме.
Се претпоставува, дека со оваа адаптација на употребата на светлата за дожд може да го намали времето за известување на возачот, и да им се овозможи на возачите да имаат соодветна и пропорционална реакција во случај на распоредување на жолтото знаме.
- Второ, како долгорочно решение, се предлага да се забрза што е можно повеќе развојот и распоредувањето на низа напредни системи за известување, вклучувајќи карактеристики како што се автоматско генерирање на жолто знаме, директно известување од болид до болид при опасно позициониран болид на патеката, а можеби дури и координирано намалување на моќноста или пренасочување на болидите по инцидент.
Развој на системот за следење на притисокот во гумите
- За да се намали можното губење на контролата врз болидот како резултат на дупната гума, возачот да се обезбеди со тековни информации за состојбата на гумите и конкретно информации за тековниот притисок на гумите, со што возачот би можел порано да ја модулира брзината во обид да се избегне губење на контролата.
За да се постигне ова, технологијата за следење на притисокот во гумите и известувањето ќе бидат распоредени во поширок број на формула шампионати. Веќе се започнати активности за распоредување на вакви системи во Формула 2 и Формула 3 за 2020 сезоната.
- Како понатамошен чекор, се предлага да се развие технологија за поефтини системи за контрола на притисокот на гумите, за да се олесни нивната имплементација во што повеќе категории на шампионати.
ПОЗИЦИОНИРАЊЕ НА ВОЗАЧОТ
- Да се обезбеди дополнителен материјал за обука, поврзан со правилното позиционирање на возачот во седиштето и истакнување на важноста на правилната позиција за ублажување на сериозни повреди при инциденти. Возачите се особено изложени на зголемен ризик од повреда поради неправилна позиција.
КОНТРОЛА НА ТРКАТА
Прекин на трката
- Преглед на сериозни случаи на инциденти од целиот свет во корелација со одлуките на тркачките директори од сите шампионати на ФИА, што му овозможува на одделот за безбедност на ФИА да ги ажурира своите упатства за вежбање и материјали за обука за поддршка на директорите на трки со цел навремен прекин на трката, особено во случај на инциденти на многу незгодни локации на патеката.
- Оваа работа ќе биде надополнета со развој на низа системи за добивање на информации, кои можат да се инсталираат и отстранат од болидите при организација на секој настан.
ПАТЕКИ
Удар во бариерите при низок агол
- Се планира во целост ново истражување и тестирање за да се оптимизираат перформансите на заштитните бариери при судири со низок агол, проширувајќи го постојниот стандард за безбедност на ФИА за да вклучуваат системи на бариери специјално дизајнирани за агли на удар помеѓу 0° и 20°.
Зони на излетување
- Во однос на дизајнот на површините за излетување, ќе бидат испитани нови и поефикасни решенија за забавување на излетаните болиди, вклучително и употреба на анти-лизгави и површини со високо триење.
Лимити на патеката
- До комисијата за патеки на ФИА ќе бидат доставени на разгледување нови решенија за контрола на границите на патеката, со цел да се спречи враќањето на болидите назад на истата на опасен начин.
Инфо за статусот на патеката
- ФИА стандардизираниот систем на светлосни панели ќе се употребува многу повеќе и сите ФИА одобрени патеки ќе мора да имаат соодветна електронска инфраструктура за да ги алармираат возачите за инциденти на патеката.
Коментирајќи ги најновите препораки за безбедност на ФИА, директорот за безбедност на ФИА, Адам Бејкер, рече: "Како и при сите истраги на несреќи, нашите наоди поврзани со тркачките инциденти на патеките претставуваат основа на низа технички и оперативни иницијативи, кои имаат за цел да спречат нови сериозни инциденти, но и да се намалат последиците доколку тие се случат."