Скудерија Ферари официјално објави дека потпишале двегодишен договор со Карлос Саинц Јр. за 2021/22 сезоните на Формула 1 Шампионатот. Шпанецот е роден во Мадрид, на 1 Септември 1994 година, и веќе има големо искуство во Формула 1, со 102 Ф1 трки зад себе, во текот на пет сезони.
Во 2019 година, тој заврши на шестото место во шампионатот за возачи, неговиот најдобар резултат досега, во година кога го забележа и својот прв пласман на победничкиот подиум, наследувајќи го третото место во Бразил.
Карлос Саинц Јр., изјави: "Многу сум среќен што ќе возам за Ферари во 2021 година и возбуден сум за мојата иднина со тимот. Сè уште имам важна година пред тоа со Мекларен и нестрпливо чекам да се вратиме на тркањето"
Матија Биното вели: "Задоволство ми е што се договоривме со Карлос да премине во нашиот тим од 2021 година. Со пет сезони веќе зад него, Карлос се покажа како многу талентиран возач и покажа дека има техничка способност, што се вистински атрибути да го направи идеалан за нашето семејство."
"Ние започнуваме нов циклус со цел да се вратиме на врвот во Формула 1. Тоа ќе биде долго патување, со извесни потешкотии, особено ако се земе предвид моменталната финансиска и регулаторна состојба, која ќе претрпи нагла промена и ќе бара овој предизвик да се реши на поинаков начин од неодамнешното минато."
"Веруваме дека спарување на талентирани возачи како Чарлс и Карлос, најмладото дуо во изминатите педесет години во Скудерија Ферари, ќе биде најдобрата можна комбинација за да ни помогне да ги постигнеме целите што си ги поставивме."
КАРЛОС САИНЦ ЈР. ВОЗАЧ НА ФЕРАРИ ОД 2021 ГОДИНА
5/14/2020 11:46:00 AM
0
Share to other apps