Следната година, со одредени исклучоци, буџетите на Ф1 тимовите нема да можат да надминат 145 милиони долари, а потоа ќе бидат дополнително намалени.
Според Дитер Ренкен, долгогодишен Ф1 новинар со добри "извори" на информации, за полесно имплементирање на овие финансиски ограничувања во моментот се дискутира за лимитирање на развојот на Погонските Единици.
Со сегашните правила, секоја ПЕ се хомологира пред почетокот на сезоната, а потоа производителите можеа да направат неколку надградби во текот на една сезона.
Во новата верзија на правилата, надградбите на ПЕ од 2021 до 2023 година ќе биде дозволени само еднаш годишно, за потоа да бидат целосно замрзнат нивниот развој. Промени во конструкцијата и дизајнот на ПЕ ќе биде можна само од безбедносни причини и под контрола на ФИА.
ФИА планира да ги ревидира правилата околу ПЕ за 2025 сезоната, кога се планира укинување на MGU-H генераторот, кој ја претвора топлинската во електрична енергија.
Тоа е еден од најскапите делови на сегашната ПЕ, но и најпроблематичните за постигнување на негова целосна ефикасност, со што практично се става забрана за влез на нови производители во Ф1 Шампионатот.
Меѓународната автомобилска федерација од денес пушти во употреба HOTLINE за етика и почитување на правилата, на која што секој ќе може да пријави евентуално кршење на принципите на ФИА, борба против допинг, фер борба и манипулирање со конкуренцијата.
ФИА ЌЕ ГО ЗАМРЗНЕ РАЗВОЈОТ НА Ф1 ПЕ
5/25/2020 09:21:00 PM
0
Tags
Share to other apps