Од минатата сезона на секоја трка имаме само три бои на гуми, и тоа тврди(бели), медиум(жолти) и меки(црвени).
Сепак, во зависност од карактеристиките на патеката, тие ќе се бидат направени од достапните пет смеши, најтврдата означена со С1, до најмеката означена со C5.
Во Австрија, Унгарија, втората трка на Силверстоун, Шпанија и Белгија, тимовите ќе добијат гуми направени од смешите означени со C2, C3 и C4, додека за Британското и Шпанското ГП со C1, C2 и C3.
Она што паѓа во очи е што од Пирели се решија да експериментираат со еден чекор помеки смеши за втората трка на Силверстоун.
Марио Изола, Ф1 шеф на Пирели: "Со толку многу варијабли на почетокот на оваа одложена сезона и флексибилен календар што не остава многу време за реакција на променливите околности, со тимовите, промотерите и ФИА беше договорено заедно да бидат објавени номинациите за првите осум трки оваа година."
"Како и обично, овие смеши се избрани за најдобро да одговараат на карактеристиките на индивидуалната патека и да обезбедат интересни можности за различни стратегии за време на трките."
2020 НОМИНАЦИИ НА ПИРЕЛИ | 2019 | |||||
ТРКА | ТВРДИ |
МЕДИУМ |
МЕКИ |
НОМИНАЦИИ НА ПИРЕЛИ | ||
1. АВСТРИЈА | С2 | С3 | С4 | С2 | С3 | С4 |
2.СТИРИЈА | С2 | С3 | С4 | -║- | -║- | -║- |
3. УНГАРИЈА | С2 | С3 | С4 | С2 | С3 | С4 |
4. БРИТАНИЈА | С1 | С2 | С3 | С1 | С2 | С3 |
5. 70 ГОДИНИ Ф1 | С2 | С3 | С4 | -║- | -║- | -║- |
6. ШПАНИЈА | С1 | С2 | С3 | С1 | С2 | С3 |
7. БЕЛГИЈА | С2 | С3 | С4 | С2 | С3 | С4 |
8. ИТАЛИЈА | С2 | С3 | С4 | С2 | С3 | С4 |
@МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |