Денес, Мерцедес АМГ го официјализираше рестартирањето на 2020 Формула 1 сезоната, со приватна тест сесија за своите возачи на патеката Силверстоун.
Иако ова е само тест сесија со две години стар болид, Формула 1 е повторно на добар пат, овој пат на вистинска патека, но пред сè со вистински болид.
Денес, прв зад воланот на W09 ќе седне Валтери Ботас, додека утре ќе биде редот на Луис Хамилтон. Покрај Мерцедес АМГ, тест сесија за своите возачи, барем засега, најави само уште тимот на Ферари.
Таа ќе се организира на патеката Фиорано во втората половина на Јуни, со помош на SF71H, како што е предвидено со регулативата за овој вид приватно тестирање.
Поминаа буквално повеќе од три месеци од зимските тест сесии во Барселона. За возачите овие тестови ќе бидат од голема важност да го вратат чувството зад воланот, брзината и оптоварувањето на вратните мускули.
Од друга страна тимовите ќе бидат во можност да ги испробаат во пракса новите правила на ФИА за борба против коронавирусот.
Максимално 60 лица ќе може да бидат во тимските гаражи, па ќе треба поголем напор да се координира однесувањето на механичарите, возачите и останатиот персонал.
Како што се гледа и од објавенот видео од Мерцедес АМГ, маските ќе бидат задолжителен декор на патеките, но потешко остварливо ќе биде дистанцирање во истата група, особено при одредени процедури, како што на пример е промената на пневматиците.
Сепак, управувањето со ситуации на граница на опасноста не непознаница за Формула 1 Шампионатот, како што се гумените ракавици што се користат за да се избегнат електро ударите на хибридниот систем или кога требаше да се наполни лесно запаливото гориво во рекордно време.
МЕРЦЕДЕС АМГ ЈА РЕСТАРТИРАШЕ 2020 СЕЗОНАТА
6/09/2020 11:33:00 AM
0
Share to other apps