Јас го сакам спортов, го следам веќе 23+ години, со пасија од мои 7 год и може да збориме колку сакате што е до мене, па затоа и воопшто не ми е тешко да го напишам ова, напротив!
Шампиони од различно време не може да се споредуваат. Едноставно сум изреволтиран од тоа што се случува. Формула 1 денес е далеку од онаа Ф1 со која јас пораснав. Формула 1 како врвен мотоспорт, денес е прекомплицирана за просечниот гледач.
"Јас не гледам ништо посебно во Шумахер по мене Хамилтон е подобар."
Океј е и тоа, секој има право на свое мислење, но денес начинот на кој Мерцедес АМГ освојува титули, можеш најмалце 10 возачи да ставиш да го направат истото што и Хамилтон, но не и она што Шумахер го правеше. Нејќам никого да навредам и се надевам нема така да бидам сфатен, но единствено логично објаснение за тоа е само ако не познаваш доволно добро што Шумахер има направено.
Накратко - Шумахер ја направи доминацијата на Ферари (не сам, но беше главен двигател). Хамилтон, го направи доминацијата на Мерцедес АМГ.
Како на пример: Кога Рос Браун му јави по радио на Шумахер во Унгарија `98 и му побара "25 секунди во 19 круга", Шумахер одговори со – "Ок, фала многу!" и отиде го извозе најдолгиот период на брзи кругови што некој дотогаш во историјата на Ф1 ги видел и го редефинираше возможното. (За ова ќе направам видео па ќе го споделам со вас во некоја наредна прилика).
Кога Мерцедес АМГ се обиде на истиот начин во Унгарија да извојува слична победа и истото му беше побарано на Хамилтон во Унгарија лани, имаше најмалце 10 радио разговори во кои Хамилтон почна да ги обвинува дека грешат, дека нема да работи тактиката, и тако даље, се откажа уште пред да се обиде, иако математиката беше јасна дека на 6 круга до крај ке го стигне. А за да ги ставам работите во перспектива, Хамилтон се тркаше против Ред Бул кој беше побрз за +0.030+/- од Ботас на квалификации со болид кој ги бутна сите рекорди во првите 6-7 трки а Шумахер беше +0.390 поспор од Мекларенот на Хакинен и Ферарито беше далеку од доминантно.
И за да овие детали што ги споменувам добијат некаква смисла битно е да се спомене дека Хамилтон се тркаше со Ферстапен во небитна битка бидејќи титулата веќе ја имаше, Шумахер влезе во тоа ГП со 60 поени наспроти 73 на Хакинен во директен дуел за титула. Слични трки со тотално различна тежина и карактер, и секако околности, каде денес имаат ДРС и работат со пневматици, тогаш работеа само со гориво, што е мн потешко за надоместување разлика. Едноставно, Хамилтон почна да плаче и да го обвинува тимот за потоа да му се заблагодарува(конфузен исто како и со Мекларен, освен што сега има неприкосновен болид), Шумахер покажа лидерство и карактер(и во помалце изгледна ситуација извојува неверојатна победа).
Мекларен го утнале болидот во 2003.
Мекларен во 2003 со Кими ја промашија титулата за 2 поена во Сузука, односно имаа одличен болид, а на Хамилтон титулата му избега во 2012, не за некој бод, туку за нешто повеќе како во 2010, но најблиску беше во 2012 иако во сите можеше да освои титула со истиот болид.
Шумахер немал конкуренција во свое време и имал доминантен болид.
Да, точно, Ферари доминираше 3 години (2 год освоија за влакно) и на секоја трка многу поголем број на возачи имаа шанса да направат некаква разлика за победа повеќе од било која трка од 2014 навака. Од 2000 до 2004 во топ 4-5 имаше возачи од 4-5 различни тима. Култхард, Раиконен(во неговата најдобра форма), Хакинен со Мекларен, Монтоја или Ралф со БМВ, Френцен или Физикела со Џордан, Трули или Алонсо со Рено. Батон со БАР. Алези со Бенетон. Kако вчера беше кога во 2003 на Унгарија Алонсо од нигде никаде имаше доминантен викенд. Памти некој од 2014 навака да излезе 4тиот најдобар тим и да има доминантен викенд?
Некој ќе рече каков Физикела каков Алези. И двајцата кога го направија своето деби во Ф1 во првите сезони беа сметани за истото што се денес Леклерк, Расел и Ферстапен. Останатите се добро познати, набројав 5 шампиони со 7 титули меѓу себе. И те како имаше возачи во свое време Шумахер, и ова се само тие што ги бројам од 97 натака. Да не ги споменувам Сена, Прост, Мансел, Хил, Вилнев, Бергер, Ферстапен, Брандл, Пике и остали до 97.
Неприкосновениот Ред Бул.
Серџо Перез со Заубер чисто преку таткичка трка без многу драми успеваше да освои второ место во трки. Во 2010 имавме тројна битка за титула и неизвесност до последни метри. Што се случи на првите 7 трки во 2012? Финалето во 2012 важи за вистинска класика. До средина на 2013 сезоната не беше ништо поразлична од 2012. Едино 2011!
Ако математички израчуна некој, јас имам израчунато и направено детална анализа на тој период и админот на овој блог ја имаше објавено ако не се лажам (или можда Табаковски) во 2016 год – Ветел (а не Ред Бул) доминира точно 1 год и 7 месеца. Во другиот период што преостанува од 2 год и 5 месеци (мање више) е постојана борба помеѓу Ред Бул, Ферари, Мекларен, и поретко за победа отколку за подиум со Мерцедес АМГ, Лотус или Заубер.
Не е доминација на Ред Бул и Ред Бул е далеку од неприкосновен, Вебер во истиот болид сезоната еднаш не ја завршува на вице-шампионско место и во 2013 кога Ветел бутна рекорд стар 60 години и победи на 9 трки во низа, Вебер не успеа да победи една трка. Статијата беше во 2016 пишана затоа што после само 3 години Мерцедес АМГ веќе ја постигна и надмина доминацијата во временски период што Ред Бул ја имаа во 4 сезони и ја сакав да го докажам тоа преку бројки, искочи дека речиси двојно повеќе Мерцедес АМГ доминирале во само 3 години.
Мерцедес АМГ е неприкосновен како никој тим во историјата досега!
Од 2014 навака ниту еден тим освен Мерцедес АМГ, Ред Бул или Ферари не победил на трка, а од севкупно 117 трки Мерцедес АМГ освои 92 Пол позиции и 86 Победи, a 50-60% од истите се 1-2 во прв ред или 1-2 победа.
Let that sink in… Од 2014 до 2016 Мерцедес победи на 51 од 59 трки!!! Сепак Хамилтон не успеа да победи на 9 трки во низа, а можеше многу полесно одошто Ветел. Нити пак се искачи на подиум во сезона колку што Шумахер се има искачено како прво и второпласиран иако можеше многу полесно. Нити пак освои пол позиции во една сезона колку што Ветел освои, иако и тоа можеше многу лесно да го оствари, ми ја сфаќате поентата.
Мерцедес АМГ доминираа 2014 со 83%, 2015 86%, 2016 85%, 2017 78%, 2018 73%, 2019 96% и тоа продолжува...
Шумахер во најдоминантни денови со Ферари имаа доминација од 70% и само 2 години, третата нешто испод 65% a Мерцедес доминираат 7 години. Свесен е некој за каква сила на доминација правиме муабет? И што е најстрашно, не е проблемоt КОЛКУ доминираат, туку КАКО доминираат.
2018 кога Ферари изнесе свој "party" мод и конечно искочи рамноправна сила на Мерцедес АМГ, сменија гуми во полза на Мерцедес АМГ и Ред Бул, што не се случило никогаш, па им правеа протести и притисок на Ферари, и тоа траеше отприлика 5-6 трки додека не дојде Сингапур и Мерцедес АМГ пак стана јасна сила број 1.
Лани, ако памтите, беше иста прикаска, денес што е со моторот на Ферари? Кој да знае. Сепак од 2014 навака не видов една истрага, една инспекција, да биде направена во Мерцедес АМГ или лимитирање кое ќе ја намали разликата за да сите гледаме поинтересна Ф1. Нека било регуларно, регуларно беше све што имаше и на болидот на Ферари кога они доминираа, или на Ред Бул, но и во двата периода имаше од сезона во сезона лимитирање на тие доминантни фактори.
Разбирам ДАС систем, иновативност, капа доле! Некое брилијантно аеродинамично решение и слично. Но, како може да дозволат еден тим да има систем кој другите го немаат? Разбирам 1, ама 5год? Како да се тркам ја со една нога против тебе со две, 5 години?! Згора на се, добро ни е познато на сите дека Хамилтон ретко го казнуваат. Но тоа е веќе друга тема, тоа Ф1 го дозволи, и само себе може да се обвинуваат за сите поразителни параметри во однос на гледаноста и све по ред со циркусов што се дешава.
Хамилтон скоро ќе оствари 90 Пол позиции како директна последица на тоа. Како да вози против компјутер ставен на 50% тежина. И Ферари имаа предности преку кои доминираа сепак од година во година Ферари беа уназадувани до таа мера што променија систем на бодирање и директно промените во 2005 беа за да се спречи нивна понатамошна доминација.
И за крај... Зашто реков дека "Мерцедес го направи Хамилтон."
Ако Шумахер 5 години му беа потребни за да создаде победничко Ферари од 0, Хамилтон влета во готов производ.
Преку една промена на регулативи од возач кој се бркаше и маваше со Малдонадо и Маса на секоја втора трка и освои 1 титула на петни жили со многу среќа која рака на срце по мене му е најдобра, иако имаше победнички тим цели 7 години, се замараше за тоа дали Батон го следел на твитер или не, објавуваше телеметрии на социјални мрежи небаре е двегодишно дете, а не шампион и карактер кој треба да служи за пример и да го води тимот.
Да гледав Формула 1 од 2014 навака ќе беше океј, вака од моја перспектива следејќи преку веке 400 трки во низа, е смешно...
ДУШКО АВРАМОСКИ, Ф1 ФАН ОД СВОЈА 7МА ГОДИНА
7/07/2020 03:19:00 PM
0
Share to other apps