Следната сезона, Шпанецот, заедно со Естебан Окон, ќе му помогнат на Рено да се подготви за 2022 година, кога Формула 1 ќе се префрли на новите технички прописи.
Фернандо Алонсо: "Рено е моето семејство, а најпријатните спомени се поврзани со двете шампионски титули, но сега гледам кон иднината. Ова за мене е голем емотивен момент, и горд сум што се враќам во тимот, кој ми даде шанса да започнам Ф1 кариера, а сега ми дава можност да се вратам на трките на највисоко ниво."
"Имам принципи и амбиции кои се во согласност со тимот. Нивниот напредок оваа зима ја потврдува можноста за постигнување на поставените цели за 2022 сезоната. Подготвен сум да го споделам моето искуство со сите во тимот, од инженери до механичари и моите колеги. Тимот, како и јас, сакаме да се вратиме на победничкиот подиум."
Кирил Абитебул, тимски шеф на Рено: "Потпишувањето на Фернандо Алонсо е дел од планот на Групацијата Рено за потврда на верноста кон Формула 1 Шампионатот и враќање на врвот на табелите. Неговото присуство во нашиот тим е огромна предност на спортско ниво, но и за брендот на кој е многу приврзан. Јачината на врската меѓу него, тимот и фановите го прави природен избор. Покрај минатите успеси, тоа е храбар меѓусебен избор, како и проект за иднината."“Renault is my family, my fondest memories in Formula One with my two World Championship titles, but I'm now looking ahead. It's a great source of pride and with an immense emotion I’m returning to the team [...]" - @alo_oficial #RSspirit pic.twitter.com/H9tUKpr4OI— Renault F1 Team (@RenaultF1Team) July 8, 2020
"Неговото искуство и решеност ќе ни овозможи да го извлечеме најдоброто едни со други, за да го одведеме тимот кон извонредноста што ја бара модерната Формула 1. Тој исто така во нашиот тим, кој порасна многу брзо, ќе ја донесе културата на тркање и победи, за да ги надминеме пречките заедно. Покрај Естебан, неговата мисија ќе биде да му помогне на Рено да се подготви за сезоната 2022 во најдобри можни услови."