Во првата трка од 2020 сезоната, Макс Ферстапен и Алекс Албон не беа во можност да финишираат поради проблеми со електричната инсталација на Хонда ПЕ.
Во пресрет на Големата награда на Штеарска, техничкиот директор на Хонда Ф1, Тојохару Танабе, рече дека нивните инженери презеле мерки за да спречи повторување на ваквите проблеми.
"Иако првата трка се покажа како тешка за нас, одлично е што минатиот викенд започна Формула 1 Шампионатот, а преземените безбедносни мерки направија сè да оди непречено и безбедно. Овој викенд ќе се тркаме на истата патека, првиот ваков настан во историјата на Ф1."
"Ова значи дека податоците собрани во изминатиот викенд се порелевантни од кога било, иако дождовите и грмежите што се предвидуваат за овој викенд може да станат главен фактор. Проблемите со двата болиди на Ред Бул беа поврзани со електрониката, но, од различни причини."
"Ги анализиравме двата случаи заедно со тимовите и ги презедовме потребните мерки за да спречиме повторување овој викенд. Бидејќи погонските единици не беа оштетени како резултат на овие проблеми, Макс и Алекс ќе продолжат да ги користат истите ПЕ. Овој викенд се стремиме да завршиме со сите четири болиди и да постигнеме добар резултат."
Но, анализата на податоците во тимот на Ред Бул покажала дека RB16 има проблеми од друг тип. Под влијание на големи странични оптоварувања(брзите свиоци), некои елементи на аеродинамиката премногу се наведнуваат кон подот на болидот.
Како резултат, доаѓа до делумно нарушување на протокот на воздух, а болидот ја губи својата стабилност. Тоа било главната причина што во квалификациите разликата со Мерцедес АМГ беше над половина секунда.
Во трката проблемот се манифестираше во помала мера, бидејќи болидите со полни резервоари минуваат низ свиоците со 15-18км/ч помала брзина. Во Ред Бул веруваат дека решението е едноставно, одредени делови да се направат поцврсти.
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.