Враќањето на Алонсо ќе биде огромен магнет за многу фанови на Ф1. Дека е тоа така, потврдува и фактот што досега најлајкуваниот твит на Рено е доаѓањето на Даниел Рикиардо, 18К, додека објавата за доаѓањето на Шпанецот веќе беше над 50K во првите 10 часа од нејзиното постирање!!!
Ако Рено навистина се приклучи на „Големите три“ во Ф1, потребен е возач од рангот на супер звезда, за да го однесе тимот на подиумот. Естебан Окон, од друга страна ќе има шанса да научи лекција или две од двократниот Шампион.
Но, да се вратиме на ГН на Штаерска. Минатата недела 13 болиди завршија во пласман, а само 11 ја минаа целната линија. Стартот на 2020 сезоната се покажа како проблематичен за издржливоста на болидите, како на тие што не ја завршија трката, така и на најбрзиот тим на гридот, Мерцедес АМГ.
Инженерите на тимовите имаат само неколку дена за анализа на добиените податоци за идентификација и решение за нивните проблеми. Се надеваме дека нема да ги решат, па повторно да имаме реприза на драматичното Австриско ГП, затоа што алтернативата е досадна трка.
Податоците за патеката Ред Бул Ринг се истите од минатат недела, но да се потсетиме. Таа се наоѓа на Алпите на надморска височина од околу 660 метри. Патеката има STOP/GO карактеристики, со висока просечна брзина, висока максимална брзина и средно побарување во однос на потисната сила.
Таа е спој на брзи правци со бавни и средно брзи свиоци, т.е. основата ја чинат 4-те правци кои завршуваат со остри свиоци, што значи дека добрата тракција и максималната брзина на правците се главните фактори за што побрз круг.
Има три места каде максимално се оптоваруваат сопирачките, но времето кое возачите остануваат со ногата на сопирачката е релативно ниско и се проценува на околу 9 секунди. Сопирањето е блиски интервали и тоа го отежнува ладењето на сопирачките, но и поради присуството на поредок воздух.
Патеката нуди повеќе можности за претекнување, не само поради присуството на три ДРС-зони, туку и нејзината широчина од 12 метри. Сепак, главната можност за претекнување е третиот свиок (Ремус), каде што возачите по наглото сопирање се движат низ овој свиок во прва или втора брзина. Како контраст на него е 9-от свиок (Ринт), кој возачите го поминуваат во шеста брзина и ги бараат лимитите на нивниот болид и нивната решителност.
Ред Бул ринг има сериозна побарувачка од Погонските Единици на Формула 1 болидите. Во време на атмосферските мотори загубата на моќност поради надморската височина беше 6-8%, но, со употреба на турбото тековните V6 мотори, нема да наидат на поголеми проблеми од таа страна.
Кај овој тип на мотори помалата густина на воздухот се компензира со зголемување на притисокот во турбината. Патеката е "сурова" кон ПЕ и поради големата километража со максимална моќност, што се проценува на околу 74%. Од друга страна поголемиот притисок и поголемиот број вртежи ќе го стават на тест правилното фунционирање на турбината.
Патеката е прилично чувствителна на моќност, се добиваат 0.150 делови од секундата на секои 10КС, додека ефектот на тежина нема да биде толку важен, бидејќи 10кг одговараат на околу 0.150 секунди.
Повторно поради "вина" на пореткиот воздух, тимовите може да имаат одредени проблеми со ладење и затоа е многу веројатно дека болидите ќе имаат поголеми отвори во каросеријата за нивно ладење.
Според временската прогноза на Accuweather, викендот ќе започне со многу потопло време со температури околу 30от степен, додека за време на Квалификациите е највено невреме со грмотевици и многу постудено време, додека за трката ќе имаме поладно време отколку минатава недела.
Дождот, иако е најавен со огромни 51% шанси, тоа ќе биде лесен дожд, па доколку се појават тие облаци за време на трката ќе допринесат за драматичност. Но, временската прогноза не е егзактна наука, па прогнозираните врнежи може да дојдат или пред или после акцијата на патеката.
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА ВИКЕНДОТ | |||
СЕСИЈА | ВРЕМЕ | ПРОГНОЗА | |
ТРЕНИНГ 1 | 11:00-12:30 MK | Претежно облачно, 26/32°C | |
43% шанси за дожд | |||
ТРЕНИНГ 2 | 15:00-16:30 MK | Претежно облачно, 29/33°C | |
34% шанси за дожд | |||
ТРЕНИНГ 3 | 12:00-13:00 MK | Облачно, 18/20°C | |
КВАЛИФИКАЦИИ | 15:00-16:00 MK | Невреме со грмотевици, 16/13°C | |
52% шанси за дожд | |||
ТРКА | 15:10 MK | Повремена облачност, 21/23°C | |
51% шанси за дожд | |||
Извор: Accuweather | |||
@МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
Кога се во прашање пневматиците на Пирели, на патеката Ред Бул ринг имаме релативно ниско ниво на абење и деградација и покрај температурата на асфалтот што во некои прилики дури достигнуваше и над 40 °С. Во последно време доброто менаџирање со гумите станува клучен елемент за добивање на одлични времиња по круг.
Историски гледано, најкористената стратегија на оваа патека е едно застанување за промена на гуми. Во неделата Валтери Ботас победи со користење на црвените и белите гуми, најмеката и натврдата смеша на Пирели, кои се истите и за овој викенд. Белите гуми се произведени од C2, жолтите од C3 и црвените од C4 смеша.