Во првата трка од 2020 сезоната, Ландо Норис го донесе првиот пласман на подиумот за Мекларен. Во завршните моменти од трката тој успеа за само 0.198 секунди биде пред Луис Хамилтон, кој доби казна од пет секунди за дуелот со Алекс Албон. Младиот Британец во редовите на Мекларен го забележа и најбрзиот круг на трката.
Ландо Норис, П3: "Јас едноставно немам зборови! За време на трката, на моменти ми се чинеше дека не е возможно да се наметне борба, но во последните кругови бев малку зад лидерите. Карлос активно се обидуваше да ме престигне, но, јас не се откажав, успеав да го престигнам Серџо Перез и заработив пласман на подиум!"
"Трката беше долга, но јас продолжив да давам се од себе и во финалните кругови болидот се однесуваше многу добро. Напаѓав до максимум, и сега едвај можам да земам здив! Среќен сум што сум дел од Мекларен. Ако се присетите на какви позиции беше тимот пред само неколку години, напредокот од претходната сезона до денес е навистина импресивен!"
"Кога го престигна Серџо, знаев дека на Хамилтон му е изречена казна од пет секунди, но немав друга информација. Едвај успеав да стигнам до болидите пред себе, а заканата од ривалите зад мене беше многу реална."
"Сфатив дека и без да го поминам Луис на патеката, имам шанса да бидам пред него. Започнав да напаѓам поагресивно, влегов во добар ритам, направив неколку брзи кругови. Во одреден момент, ги блокирав предните тркала, но сепак успеав да надоместам со најбрзиот круг на трката и на крајот го освоив подиумот!"
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.