Затоа, Луис Хамилтон со својата 5-та Пол позиција на Каталуња е најсериозниот кандидат за највиското скалило на Победничкиот Подиум.
Британецот го забележа најбрзото време на денешните квалификации и покрај тоа што последниот брз круг беше далеку од оптимален.
Тој заедно со својот тимски колега, Валтери Ботас ќе бидат на првиот стартен ред, при што Макс Ферстапен и Серџо Перез го делат вториот ред. Ленс Строл со вториот болид на Рејсинг Поинт го имаше петтото најбрзо време, пред Алекс Албон во вториот Ред Бул.
Карлос Саинц Јр. и покрај нерешливите проблеми со прегревањето на неговата Рено ПЕ, успеа да го победи својот тимски колега, Ландо Норис, за седмата стартна позиција на неговата домашна патека.
Чарлс Леклер повторно беше предводник на Ферари, но заврши на деветтото место, со Пјер Гасли, кој по четврти пат оваа сезона влегува во Q3 сесијата, да го заокружи пласманот на најбрзите 10 возачи.
Французинот во последните моменти од Q2 имаше извонреден круг, со кој го нокаутираше Себастијан Ветел, па Германецот, втор викенд по ред, трката ќе мора да ја започне од 11-тата позиција на гридот. Тој веќе трет пат оваа сезона не може да го внесе Ферари во последниот дел од квалификациите.
Сите возачи од Топ 10 пласманот во Q2 сесијата ги користеа црвените гуми на Пирели за своите најбрзи времиња, така што нема да има обиди за поразлична стратегија на почетокот на утрешната трка, која е закажана за 15:10 часот по македонско време.
| ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА ШПАНИЈА - КВАЛИФИКАЦИИ | ||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
| 1. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:15.584 | |
| 2. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:15.643 | + 0.059 |
| 3. | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:16.292 | + 0.708 |
| 4. | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | 1:16.482 | + 0.898 |
| 5. | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:16.589 | + 1.005 |
| 6. | Алекс Албон | Ред Бул | 1:17.029 | + 1.445 |
| 7. | Карлос Саинц Јр. | Мекларен | 1:17.044 | + 1.460 |
| 8. | Ландо Норис | Мекларен | 1:17.084 | + 1.500 |
| 9. | Чарлс Леклер | Ферари | 1:17.087 | + 1.503 |
| 10. | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:17.136 | + 1.552 |
| Q2 Најбрзо Време: Луис Хамилтон - 1:16.013 | ||||
| 11. | Себастијан Ветел | Ферари | 1:17.168 | + 1.155 |
| 12. | Даниeл Квјат | АлфаТаури | 1:17.192 | + 1.179 |
| 13. | Даниел Рикиардо | Рено | 1:17.198 | + 1.185 |
| 14. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:17.386 | + 1.373 |
| 15. | Естебан Окон | Рено | 1:17.567 | + 1.554 |
| Q1 Најбрзо Време: Луис Хамилтон - 1:16.872 | ||||
| 16. | Кевин Магнусен | Хас | 1:17.908 | + 1.039 |
| 17. | Роман Грожан | Хас | 1:18.089 | + 1.217 |
| 18. | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:18.099 | + 1.227 |
| 19. | Николас Латифи | Вилијамс | 1:18.532 | + 1.660 |
| 20. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:18.697 | + 1.825 |
| 107% време: 1:22.253 | ||||
|
ВИДЕО РЕЗИМЕ
2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:25.232 2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:24.681 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:22.000 2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:19.149 2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:16.173 2019 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:15.406 2020 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:15.643 | ||||
| @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA | ||||




