Луис Хамилтон ја забележа неговата 92-ра Пол Позиција во Формула 1, негова четврта во 2020 сезоната и петта на Шпанското Гран При. Валтери Ботас беше покус за само 0.059 делови од секундата, но го обезбеди 68-от пласман на Мерцедес АМГ на првиот стартен ред.
Денешниот резултат ја означува 200-тата Пол позиција за Мерцедес-Бенз. Исто така, и 150-от пласман на првиот ред за Луис Хамилтон во Ф1. Макс Ферстапен постојано го извлекува максимумот од болдиот на Ред Бул, РБ16, што беше доволно за третото место на гридот, негова најдобра стартна позиција на оваа патека.
Луис Хамилтон, Мерцедес АМГ, П1:
"Ова е одличен резултат за тимот и јас сум им благодарен на сите што продолжуваат да работат со полно темпо. Беше многу жешко и имаше прилично јаки удари на ветер, што ги направи квалификациите незгодни за возење."
"Минатата ноќ, ние сменивме неколку работи, и мислам дека направивме добар чекор напред и јас бев прилично задоволен со моите први кругови во секоја квалификациска сесија."
"Првиот Q3 круг беше солиден, но сепак имаше мал простор за подобрување. Но, мојот втор круг не беше баш најдобар и едноставно не можев да се подобрам. На крај, беше многу блиску со Валтери, па секоја милисекунда се брои."
"Утрешната трка ќе биде предизвик, бидејќи сценариото за трки е сосема поинакво. Во еден круг, се чини дека имаме предност, но тркачкото темпо на Ред Бул изгледа силно, а спринтот до првиот свиок е многу долг, па очекувам тешка битка."
Валтери Ботас, Мерцедес АМГ, П2:
"Знаев дека ќе биде блиска борба со Луис, но тој направи навистина убав и чист круг во првиот настап во Q3. Особено во секторот три, каде што јас имав проблеми во текот на целиот ден. Балансот на болидот не беше во ред за мене во тој сектор, но продолжи да се подобрува и подобрува како што минуваа квалификациите."
"На крај, едноставно не беше доволно добaр, што е малку иритантно. Луис направи добра работа и ова е уште еден навистина силен настап како тим со кој можеме да се гордееме."
"Што се однесува до утрешната трка, моето тркачко темпо беше конкурентно, но, тој што е на Пол позицијата, секогаш ја има најдобрата шанса, така што стартот и долгиот спринт до првиот свиок ќе биде мојата најдобра можност и ќе се обидам да минам низ него како водечки болид."
Макс Ферстапен, Ред Бул, П3: "Мислам дека направивме добра работа во квалификациите, извлекувајќи сè што можеме од болидот. Знаеме дека во еден круг не можеме да парираме на Мерцедес АМГ, но во тркачко темпо сме поблиску и можеме да извлечеме малку повеќе од РБ16. Се чини како да сум претплатен за П3, на таа позиција сум целиот викенд, но за утре ќе се обидеме да се подобриме!"
"Се чувствував многу добро на долгите стинтови на петочните тренинг сесии, балансот на болидот и абењето на гумите беше ок, па се надевам дека истото ќе се случува и утре кога ќе биде топло, но не толку топло како денес."
"Ќе се обидеме да останеме што е можно поблиску до Мерцедес АМГ, да извршиме притисок врз нив и се надеваме дека ќе можеме да имаме добра борба. Уверен сум дека можеме да направиме добра работа. Тешко е да се победи Мерцедес бидејќи тие сè уште изгледаат многу брзо, но ние не се откажуваме."
МНОГУ ЖЕЛБИ, НО ИМА САМО ЕДЕН ПОБЕДНИК
8/15/2020 07:23:00 PM
0
Share to other apps



