Стратегијата со едно застанување за промена на гуми ќе биде на границите на возможното, без разлика на која комбинација смеши би се користеле, па затоа според инженерите на Пирели, најдобриот начин е дефинитивно пристап со два пит-стопа, на трката која се состои од 66 круга.
Теоретски, најбрзата стратегија е два стинта од по 19 круга на црвените гуми, плус еден стинт од 28 круга на жолтите гуми, најверојатно користејќи ги жолтите гуми за вториот стинт.
Втората најбрза стратегија би била со три застанувања во бокс и тоа три стинта на црвените гуми од по 15 круга, плус еден стинт од 21 круга на жолтите, кој повторно би бил втор или третиот во трката (црвени-жолти-црвени-црвени).
Што повеќе пит-стопа, толку повеќе можности за грешки, па тимови најверојатно ќе сакаат да ја избегнат оваа стратегија.
За крај, како трета најбрза стратегија се две застанувања во бокс, но и најверојатна за тимовите доколку температурите се повисоки или деградацијата на црвените гуми е поголема од очекуваното.
Тоа би значело почетен стинт на црвени гуми од 16 круга, а потоа два стинта на жолтите гуми, секој по околу 25 круга. Сите овие стратегии се само теоретски, бидејќи тие природно зависат од индивидуалните околности на трката и можностите на секој од болидите, како и преостанатите сетови на гуми со кои располага секој возач поединечно.
Марио Изола, Пирели: "Сите возачи се концентрираа на црвените гуми во квалификациите, што беше мало изненадување, можеби заради утврдената разлика во перформансите на жолтите гуми, како и темпото на водечките болиди."
"Ова значи дека скоро сигурно можеме да очекуваме две застанувања во бокс за време на трката, и малку е веројатно дека ќе забележиме употреба на белите гуми, бидејќи многу заостануваат зад жолтите."
"Клучно за трката во овие услови на многу топло време ќе биде менаџирањето со абењето и деградацијата на најмеката смеша, т.е. црвените гуми."
"Имаме голем избор на стартегии за оние што ќе ја стартуваат трката од подолните позиции на гридот, и ги охрабруваме да пробаат нешто поразлично, па се надеваме дека ќе гледаме интересна трка со многу варијации во стратегијата."
| 2020 ШПАНСКО ГП - СТАРТЕН РЕДОСЛЕД | |
| 1. ЛУИС ХАМИЛТОН - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
| 2. ВАЛТЕРИ БОТАС - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
| 3. МАКС ВЕРСТАПЕН - РЕД БУЛ | |
| 4. СЕРЏО ПЕРЕЗ - РЕЈСИНГ ПОИНТ | |
| 5. ЛЕНС СТРОЛ - РЕЈСИНГ ПОИНТ | |
| 6. АЛЕКС АЛБОН - РЕД БУЛ | |
| 7. КАРЛОС САИНЦ ЈР. - МЕКЛАРЕН | |
| 8. ЛАНДО НОРИС - МЕКЛАРЕН | |
| 9. ЧАРЛС ЛЕКЛЕР - ФЕРАРИ | |
| 10. ПЈЕР ГАСЛИ - АЛФАТАУРИ | |
| 11. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ - ФЕРАРИ | |
| 12. ДАНИЕЛ КВЈАТ - АЛФАТАУРИ | |
| 13. ДАНИЕЛ РИКИАРДО - РЕНО | |
| 14. КИМИ РАИКОНЕН - АЛФА РОМЕО | |
| 15. ЕСТЕБАН ОКОН - РЕНО | |
| 16. КЕВИН МАГНУСЕН - ХАС | |
| 17. РОМАН ГРОЖАН - ХАС | |
| 18. ЏОРЏ РАСЕЛ - ВИЛИЈАМС | |
| 19. НИКОЛАС ЛАТИФИ - ВИЛИЈАМС | |
| 20. АНТОНИО ЏОВИНАЦИ - АЛФА РОМЕО | |
@MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|





