Оптималната стратегија за денешната трка која се состои од 44 круга, барем на хартија, е со едно застанување за промена на гумите, но како и обично, таа во Белгија ќе биде под силно влијание на временските услови. Освен можноста за дожд, прелиминарно прогнозирана на 80%, температурата на околината и патеката исто така ќе имаат своја улога.
Теоретски најбрзата стратегија е да се стартува на црвените со стинт од 18 круга и потоа да се заврши трката на жолтите гуми. Може да работи и избор по обратенредослед.
Втора најбрза стратегија е исто така со едно застанување во бокс, стартен стинт од 16 круга со црвените, и потоа стинт од 28 круга на белите гуми. Може да биде изволиво и две застанувања во бокс, старт на црвените гуми со стинт од 14 круга, потоа жолти 16 круга, и финиш на црвените со стинт од 14 кругови.
Најбавна стратегија е едно застанување во бокс, со почетен стинт од 20 круга на жолтите гуми и финиш на белите, но сите стратегии наведени погоре се многу блиски, така што се ќе се сведе на индивидуалните околности во трката при одлучувањето за најдобро решение.
Најдобрите три возачи, Луис Хамилтон, Валтери Ботас и Макс Ферстапен, ќе ја започнат трката со жолтите гуми, кои ги искористија да ги забележат своите најдобри времиња во Q2, додека остатокот од Топ 10 зад нив ќе ја започне трката на црвените гуми. Двата болиди на Рено беа брзи во текот на целиот викенд, со Даниел Рикиардо на четвртата, а Естебан Окон на шестата стартна позиција.
Марио Изола, Пирели: "Во саботата имавме неколку капки на дожд, а на меките гуми, еден чекор помеки од минатата година, Луис Хамилтон го собори рекордот на Спа-франкоршамп за време на квалификациите. Фактот што првите седумте најбрзи возачи имаат подобри времиња од ланската пол позиција ја подвлекува импресивната еволуција на болидите од минатата година."
"Веќе видовме одредено разидување во стратегиите, со трите најбрзи возачи на гридот трката ќе ја започнат на жолтите гуми. Ова ќе создаде особено интересен прв стинт, а оние што се на медиум(жолти) треба да можат да останат подолго на патекта, но возачите на меките(црвени) гуми ќе имаат предност во брзина што може да биде значително во раните фази на трката."
"Додека тимовите секогаш внимателно ги планираат своите стратегии, Спа е место каде што, честопати, треба да се биде флексибилен и да се реагира правовремено на променливите околности, што може да биде случај со прогнозите за дожд на денешната трка."
| 2020 БЕЛГИСКО ГП - СТАРТЕН РЕДОСЛЕД | |
| 1. ЛУИС ХАМИЛТОН - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
| 2. ВАЛТЕРИ БОТАС - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
| 3. МАКС ВЕРСТАПЕН - РЕД БУЛ | |
| 4. ДАНИЕЛ РИКИАРДО - РЕНО | |
| 5. АЛЕКС АЛБОН - РЕД БУЛ | |
| 6. ЕСТЕБАН ОКОН - РЕНО | |
| 7. КАРЛОС САИНЦ ЈР. - МЕКЛАРЕН | |
| 8. СЕРЏО ПЕРЕЗ - РЕЈСИНГ ПОИНТ | |
| 9. ЛЕНС СТРОЛ - РЕЈСИНГ ПОИНТ | |
| 10. ЛАНДО НОРИС - МЕКЛАРЕН | |
| 11. ДАНИЕЛ КВЈАТ - АЛФАТАУРИ | |
| 12. ПЈЕР ГАСЛИ - АЛФАТАУРИ | |
| 13. ЧАРЛС ЛЕКЛЕР - ФЕРАРИ | |
| 14. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ - ФЕРАРИ | |
| 15. ЏОРЏ РАСЕЛ - ВИЛИЈАМС | |
| 16. КИМИ РАИКОНЕН - АЛФА РОМЕО | |
| 17. РОМАН ГРОЖАН - ХАС | |
| 18. АНТОНИО ЏОВИНАЦИ - АЛФА РОМЕО | |
| 19. НИКОЛАС ЛАТИФИ - ВИЛИЈАМС | |
| 20. КЕВИН МАГНУСЕН - ХАС | |
@MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|






