Холанѓанецот го имаше најбрзото време на денешните тренинг сесии, за 0.048 делови од секундата пред извонредниот болид на Рено со Даниел Рикиардо.
Сепак, како што најави Кристијан Хорнер, Луис Хамилтон, кој беше трет најбрз, имал грешка во неговиот брз круг, па очекува дека возачите на овој тим имаат најмалку уште 0.5 секунди во залиха.
Може ли некој да ги спречи да го обезбедат првиот ред на гридот на утрешните квалификации? За одговорот на ова прашање ќе ни помогне саботниот тренинг, пред одлучувачката квалификациска сесија која е на програмата утре од 15:00 часот. Директен пренос на Телевизија 24 Вести.
Пред почетокот на втората тренинг сесија, падна слаб дожд, патеката постепено се исуши и возачите не брзаа да излезат на патеката, чекајќи да се подобри состојбата на асфалтот.
Петнаесет минути подоцна, Џовинаци и Раиконен со болидите на Алфа Ромео беа првите што излегоа на асфалтот, за потоа да се приклучат и останатите. Грожан и Магнусен го пропуштија првиот тренинг и значителен дел од вториот заради проблеми со Ферари ПЕ. Механичарите на Хас успеаа да ги сервисираат двата болиди еден час по почетокот на сесијата.
Од возачите кои имаа проблеми, тука се Ландо Норис кој во еден момент ја изгуби моќта на Рено ПЕ во својот Мекларен, полека се врати во својата гаража, но по краткиот преглед повторно излезе на патеката.
На 20тина минути до крајот на сесијата, Даниел Рикиардо го паркираше својот болид покрај патеката, по наредбата од својот тркачки инженер, која ја доби преку тимското радио. Причина - проблеми со притисокот во хидрауличниот систем. За време на изнесувањето на неговиот болид следуваше краток период на Виртуелниот Безбедносен Автомобил.
Возачите на Ферари немаа некои проблеми со однесувањето на SF1000, но нивните времиња беа доволни за долниот дел од табелата со Чарлс Леклер на 15-то и Себастијан Ветел на 17-тото место, Моначанецот имаше заостанување од скоро 1.7 секунди, додека Германецот беше близу две секунди зад најбрзото време на патеката каде што го минатата година беа на Пол позицијата.
| 2020 БЕЛГИСКО ГП - ТРЕНИНГ 2 | |||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
| 1 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:43.744 | 21 | |
| 2 | Даниел Рикиардо | Рено | 1:43.792 | + 0.048 | 12 |
| 3 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:43.840 | + 0.096 | 23 |
| 4 | Алекс Албон | Ред Бул | 1:44.134 | + 0.390 | 21 |
| 5 | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | 1:44.137 | + 0.393 | 23 |
| 6 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:44.162 | + 0.418 | 27 |
| 7 | Ландо Норис | Мекларен | 1:44.168 | + 0.424 | 22 |
| 8 | Естебан Окон | Рено | 1:44.208 | + 0.464 | 23 |
| 9 | Карлос Саинц Јр. | Мекларен | 1:44.474 | + 0.730 | 23 |
| 10 | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:44.600 | + 0.856 | 27 |
| 11 | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:44.678 | + 0.934 | 23 |
| 12 | Даниел Квјат | АлфаТаури | 1:44.826 | + 1.082 | 26 |
| 13 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:44.861 | + 1.117 | 29 |
| 14 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:44.896 | + 1.152 | 23 |
| 15 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:45.440 | + 1.696 | 19 |
| 16 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:45.463 | + 1.719 | 25 |
| 17 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:45.683 | + 1.939 | 21 |
| 18 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:45.774 | + 2.030 | 26 |
| 19 | Роман Грожан | Хас | 1:45.834 | + 2.090 | 12 |
| 20 | Кевин Магнусен | Хас | 1:46.242 | + 2.498 | 12 |
|
ХИБРИДНА ЕРА - СПА ФРАНКОРШАМП 2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:49.189 2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:49.385 2016 Макс Верстапен - Ред Бул - 1:48.085 2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:44.753 2018 Кими Раиконен - Ферари - 1:43.355 2019 Чарлс Леклер - Ферари - 1:44.123 2020 Макс Ферстапен - Ред Бул - 1:43.744 |
|||||
| @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|||||




