ПЈЕР ГАСЛИ - ВОЗАЧ НА БЕЛГИСКОТО ГРАН ПРИ
8/30/2020 07:56:00 PM
0
Пјер Гасли беше единствениот возач што ја стартуваше трката на најтврдата смеша на Пирели, белите гуми, за потоа да избере да остане на патеката кога се појави безбедносниот автомобил. Возењето и претекнувањата на денешната трка ги импресионираше Ф1 фановите ширум светот по што тој беше изгласан за Возач на 2020 Белгиското Гран При. Тој финишираше на осмото место со старт од 12-тата позиција на гридот.
Share to other apps

