Најголемите заслуги за овој 2020 календар го имаат сопствениците на Формула 1, Либерти Медија. Трката во Муџело ја завршува првата половина од сезоната, додека втората половина ќе стартува со Руското Гран При. Досега трките се одвиваа бе присуство на публика на патеките, но Формула 1 постепено ќе се враќа во нормала.
Идејата за одржување трка во Муџело се роди во Ферари во фаза на формирање на кризната верзија на календарот. Либерти Медија се обиде да одржи што повеќе трки во Европа, разгледувани беа различни опции кога Ферари предложи јубилејната трка за нив да се одржи на нивната сопствена патека во Муџело.
Во Муџело, болидите на Ферари ќе бидат обоени во истата црвена нијанса што се користеше во 1950 година, кога се одржа инаугуралниот Ф1 шампионат, а за време на викендот ќе има многу прослави за партнерите и клиентите на Скудерија.
Би било чудно да се одржи јубилејната трка без гледачи, па за прв пат оваа сезона во Муџело ќе имаме фанови на трибините. Италијанските власти дозволија дневна посета од 2.880 гледачи.
Првите трки во Муџело почнале да се одржуваат во 1914 година, но мотоспортот целосно дојде во Тоскана во 20-тите години на минатиот век. Трките станаа модерни, а љубителите на трки конфигурирале патека од јавните патишта што ги поврзувале најблиските градови.
Тркањето по јавни патишта продолжило до 1970 година, кога локален возач влетал во толпа луѓе за време на тренингот, пристапот на гледачите не беше ограничен за време на тренинзите. Починало едно дете, возачот бил осуден на два месеци затвор, и по овој инцидент било одлучено повеќе да не се одржуваат трки во овој формат.
Патеката Муџело е пуштена во употреба во 1974 година и е во сопственост на Ферари, каде оваа компанија ги тестира своите патни автомобили, а инструкторите тренираат со нивните сопственици.
Патеката е домаќин на многу локални и неколку меѓународни натпревари, но главно работи на регионално ниво. Никогаш порано не се одржувале трки во Формула 1.
Во август 2010 година, по потпишувањето на договорот со Пирели за набавка на гуми за Формула 1, во Муџело се одржаа тестови на прототипови на новите гуми на болидите на Ферари.
Во мај 2012 година се одржа тест сесија, каде возеа 11 тимови, сите освен ХРТ. Од учесниците на тие тестови во Формула 1, сега настапуваат пет возачи, Себастијан Ветел, Даниел Рикиардо, Валтери Ботас, Роман Грожан и Серџо Перез.
Марк Вебер тогаш и даде многу елоквентен опис на патеката: "Ако зборуваме за задоволството од возењето, 10 круга во Муџело се 1000 круга во Абу Даби."
Муџело е брза патека лоцирана во планински предел, а нејзината конфигурација вклучува 15 свиоци, кои се поминуваат со голема и средна брзина и нема бавни меѓу нив.
Патеката е тесна, а теоретски најголемата можност за престигнување е на крајот од правецот, така што викендов многу ќе се решава на квалификациите.
Таа припаѓа на старата школа за која тркачите зборуваат толку често и скоро недопрена.
Овој викенд се чини дека ќе се пренесеме во минатото, каде ништо не се сменило од 1974 година, стар асфалт, испакнатини, промени во елевацијата, но Формула 1 ќе пристигне со најбрзите болиди во историјата.
Нема широки безбедносни зони на патеката, па грешките скапо ќе ги чинат возачите. Сепак, патеката Муџело ги исполнува сите безбедносни стандарди и има соодветна лиценца.
Асфалтот во Муџело е многу абразивен, гумите брзо ќе се трошат, па инженерите на Пирели ги избраа трите најтврди смеши, C1, C2, C3 како Бели, Жолти и Црвени за претстојната трка.
Оваа комбинација во тековната 2020 сезона беше користена на патеките Силверстоун и Каталуња. Рекордот од 1:18.704 беше поставен во 2004 година, му припаѓа на Рубенс Баричело и најверојатно ќе биде соборен оваа година.
Луис Хамилтон доаѓа во Тоскана како фаворит, во генералниот пласман на возачи сам забележа повеќе поени, 164, од двајцата возачи на најблиските ривали од Ред Бул, 158.
На квалификациите во Монца, ниту еден возач на Ферари не влезе во Топ 10 пласман за прв пат од 1984 година, а по двојното откажување на трката, Себастијан Ветел беше дури и задоволен што нема трифоси на трибините, разочарувањето би било преголемо.
Ако во СПА и Монца тимовите имаа идеја што да очекуваат, тогаш во Муџело последен пат Ф1 болидите беа во далечната 2012 година. Според симулациите спроведени од тимовите, пред почетокот на викендот сите се задоволни што пристигнуваат на патека од "стара школа", но признаваат дека ќе биде тешко да се престигне, многу ќе се одлучи на квалификациите.
Временската прогноза за викендот во Муџело најавува топло време со можност за летен дожд во петок и сабота. Температурите ќе се движат од +30⁰C до +34⁰C со слаб североисточен ветер и минимални шанси за дожд во недела.
| ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА ВИКЕНДОТ | |||
| СЕСИЈА | ВРЕМЕ | ПРОГНОЗА | |
| ТРЕНИНГ 1 | 11:00-12:30 MK | Делумно Сончево, 30/32°C | |
| ТРЕНИНГ 2 | 15:00-16:30 MK | Делумно Сончево, 32/33°C | |
| ТРЕНИНГ 3 | 12:00-13:00 MK | Делумно Сончево, 30/32°C | |
| КВАЛИФИКАЦИИ | 15:00-16:00 MK | Делумно Сончево, 33/34°C | |
| ТРКА | 15:10 MK | Претежно Сончево 34/ 34°C |
|
| Извор: Accuweather | |||
| @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|||
ТОЧКА НА НАЈГОЛЕМО ОПТЕРЕТУВАЊЕ НА СОПИРАЧКИТЕ.
Од шестте точки за сопирање на оваа патека, две се класифицирани како предизвикувачки за сопирачките, две се со средна тешкотија и две се лесни.Најтешкиот дел за сопирање е свиок Сан Донато, првиот по целната линија, кога болидите од 333км/ч намалуваат до 147км/ч за време од 2.22 секунди и растојание од 126 метри. За да го сторат тоа, од возачите се бара да нанесат товар од 116 кг на педалот на сопирачките и да се подложат на сила од 4.5Г при забавување.
Временскиот распоред е типичен за Европските патеки и може да го погледнете подетално на следниот ЛИНК.












