Четирикратниот Шампион во Формула 1, Себастијан Ветел и официјално потпиша за тимот на Рејсинг Поинт, кој од идната година со неговото доаѓање се ребрендира во Астон Мартин Ф1. Договорот е за 2021 година и понатаму.
Според одговорните во овој тим, потпишувањето на овој договор е јасна изјава за амбицијата на тимот да се етаблира како едно од најконкурентните имиња во врвниот мотоспорт. Секогаш е добро да имате шампион во својот тим, кој носи нов начин на размислување, особено кога тоа е еден од најуспешните и најценетите возачи во Формула 1.
Возач кој знае што е потребно да се победува на највисоко ниво. Во време на потпишувањето, тој има 53 Победи, со што е на трето место на ранкингот на победници на Ф1 трки, како и дополнителни 67 пласмани на подиумот. Неговата брзина на квалификациите е подеднакво импресивна, почнувајќи од првиот ред на гридот 101 пати до денес, 57 од кои беа од Пол позицијата.
Имаше четири последователни титули со Ред Бул во периодот од 2010 до 2013 година и повеќе победи со Ферари во изминатите години. Искуството и неговите лидерски го прават совршен возач кој ќе му помагне на тимот да ги оствари своите амбиции.
Отмар Шафнауер, извршен директор и тимски шеф на Рејсинг Поинт:
"Сите во Силверстоун се многу возбудени од оваа вест. Себастијан е докажан шампион и носи победнички менталитет што одговара на нашите сопствени амбиции за иднината како Астон Мартин Ф1. Во сабота или недела попладне, Себастијан е еден од најдобрите во светот, и не можам да мислам на подобар возач што ќе ни помогне во оваа нова ера. Тој ќе игра значајна улога во однесувањето на овој тим на следното ниво."
Себастијан Ветел: "Задоволен сум што конечно ги споделувам овие возбудливи вести за мојата иднина. Јас сум исклучително горд да кажам дека ќе станам возач на Астон Мартин во 2021 година. Тоа е нова авантура за мене со една од легендарните автомобилски компаниии."
"Импресиониран сум од резултатите што тимот ги постигнува оваа година и верувам дека иднината изгледа уште посветла. Енергијата и посветеноста на Лоренс Строл кон спортот се инспиративни и верувам дека заедно можеме да изградиме нешто многу посебно."
"Сè уште имам толку многу љубов кон Формула 1 и единствената мотивација ми е да се натпреварувам на предниот дел од гридот. Да се стори тоа со Астон Мартин ќе биде огромна привилегија."
ОФИЦИЈАЛНО: СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ ВО АСТОН МАРТИН Ф1
9/10/2020 09:47:00 AM
0
Share to other apps


