Оваа патека е една од класиците на Формула 1, изградена е во далечната 1922 година. Првотo Италијанското ГП се одржало во 1921 година во Бреша, со Jules Goux како Победник, а потоа во 1922 оваа трка се сели во Монца. Најновата конфигурација на патеката Монца дебитираше во 2000 година.
Оригиналната Монца имала над 10 километри, и од дамнешни времиња го има епитетот за храм на брзината со просечни брзини кои достигнуваат до 250км/ч., додека Максималната брзина надминува 350 км/ч., па растојанието од 300 км се завршува во најкус рок од целата сезона. Добрата максимална брзина е многу важна за да се постигне добар резултат.
Познатиот "Храм на брзината" е вистинскa патека која има потреба од низок отпор и ниска потисна сила, каде што максималната брзина е клучна за добар резултат. Трката честопати се добиваше од Пол позицијата, што ги прави квалификациите особено важни.
Потребата од моќна ПЕ и важноста на квалификациите ја прават Монца совршена патека за тестирање на влијанието на новата техничка директива што стапува на сила од викендот за ГН на Италија.
TD/037-20 ја ограничува употребата на режимите на моторот, барајќи од тимовите да го употребуваат истиот режим на моторот во квалификациите и трката. Ќе биде интригантно да се види како тоа влијае на апсолутниот и релативниот натпреварувачки поредок во сабота и недела.
Големата Награда на Италија која ќе се одржи во недела e домашна патека за Ферари, на која имаат 19 Победи, 21 Пол позиции и 69 подиуми. Монца е домашна трка и за Пирели, која се наоѓа само половина час возење од матичните канцеларии на компанијата во Милано.
Инженерите на овој италијански производител на пневматици ги номинираа истите смеши од минатата година, C2 како бели, C3 како жолти и C4 како црвени, најмеки гуми. Како и во Белгија, Монца е друга трка што го задржа својот првичен датум за 2020 година, а искуството од минатото покажа дека може да биде екстремно жешко во овој период од годината, кон крајот на италијанското лето.
Лидерот во генералниот пласман на возачи, Луис Хамилтон имаше брилијантна трка на СПА, забележувајќи за својата 89-та Победа, а со тоа зголемувајќи ја предноста во генералниот пласман на возачи.
Неговиот т.н. ривал за титулата, Валтери Ботас, по кој знае кој пат покажа и докажа дека не е шампионски материјал, додека изјавата на неговиот тркачки инженер дека не смее да го користи копчето за претекнување кога се трка со Британецот, покажа и докажа кој е кој во тимот на Мерцедес АМГ.
Во натпреварот помеѓу конструкторите, двојната победа на Мерцедес АМГ во Спа-Франкоршамп уште повеќе ја потенцираше нивната доминација, па сега нивното водство изнесува 106 поени во однос на најблискиот ривал, Ред Бул, тим кој има солидна предност во однос на третопласираниот Мекларен.
Временската прогноза за викендот во Монца најавува топло време без врнежи. Температурите ќе се движат од +26⁰C до +30⁰C со слаб југоисточен ветер, мала облачност и минимални шанси за дожд.
| ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА ВИКЕНДОТ | |||
| СЕСИЈА | ВРЕМЕ | ПРОГНОЗА | |
| ТРЕНИНГ 1 | 11:00-12:30 MK | Делумно Сончево, 26/30°C | |
| ТРЕНИНГ 2 | 15:00-16:30 MK | Делумно Сончево, 29/31°C | |
| ТРЕНИНГ 3 | 12:00-13:00 MK | Сончево, 27/31°C | |
| КВАЛИФИКАЦИИ | 15:00-16:00 MK | Сончево, 30/32°C | |
| ТРКА | 15:10 MK | Повремени облаци 29/32°C | |
| Извор: Accuweather | |||
| @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|||
ТОЧКА НА НАЈГОЛЕМО ОПТЕРЕТУВАЊЕ НА СОПИРАЧКИТЕ.
Од шестте точки за сопирање на оваа патека, три се класифицирани како предизвикувачки за сопирачките, една е со средна тешкотија и две се лесни.Најтешкиот дел за сопирање е првиот свиок, кога болидите од 353км/ч намалуваат до 88км/ч за време од 2.66 секунди и растојание од 135 метри. За да го сторат тоа, од возачите се бара да нанесат товар од 195 кг на педалот на сопирачките и да се подложат на сила од 5.5Г при забавување.







