Оваа 2020 година се вози 71-та ГН на Италија, трка што беше дел од секоја сезона во историјата на Формула 1. Исто така, ова е 70-тото Италијанско ГП што се одржува во Монца, со единствена друга патека која била домаќин е Имола во 1980 година.
Најновата конфигурација на патеката Монца дебитираше во 2000 година. Оттогаш, на 15 од вкупно 20 трки Победник беше освојувачот на Пол позицијата.
"СПА не беше наша најсилна патека во последниве години, па затоа се чувствуваме многу добро што оваа година ја напуштаме Белгија со 1-2 Победа."
"Пред неколку недели, бев на патеката во Силверстоун за да гледам како нашите болиди минуваат низ Маготс и Бекетс. Минатиот викенд во СПА, ги гледав онбоард снимките низ Малмеди и Пухон."
"Гледањето на W11 управувано до неговиот максимум, напаѓајќи ја патеката со сè што има, е навистина импресивно и го покажува колосалниот напор од сите во Брекли и Бриксворт при создавањето на една моќна машина."
"Втората и третата трка од оваа тројка нè одведоа во Италија, на патеките во Монца и Муџело. Познатиот "Храм на брзината" е вистинскa патека која има потреба од низок отпор и ниска потисна сила, каде што максималната брзина е клучна за добар резултат."
"Трката честопати се добиваше од Пол позицијата, што ги прави квалификациите особено важни."
"Потребата од моќна ПЕ и важноста на квалификациите ја прават Монца совршена патека за тестирање на влијанието на новата техничка директива што стапува на сила од викендот за ГН на Италија."
"TD/037-20 ја ограничува употребата на режимите на моторот, барајќи од тимовите да го употребуваат истиот режим на моторот во квалификациите и трката."
"Ќе биде интригантно да се види како тоа влијае на апсолутниот и релативниот натпреварувачки поредок во сабота и недела. Ние сме возбудени да го прифатиме предизвикот и да го свртиме во наша предност."
ТОТО ВОЛФ: ЗБОР-ДВА ПРЕД ИТАЛИЈАНСКОТО ГП
9/02/2020 08:39:00 PM
0
Share to other apps

