Со оглед на тоа што Муџело е сосема нова патека за Ф1 тимовите, каде што не е така лесно да се престигнува, стратегијата ќе биде многу важна, особено затоа што абењето на гумите се очекува да биде доста висока. Деградацијата, особено на црвените меки гуми, ќе биде клучна за стратегијата.
Возможни се стратегии со едно и две застанувања во бокс, но како и секогаш, тимовите ќе се обидат да ја завршат трката со само еден пит-стоп за промена на гумите, особено оние во Топ 10 на гридот. Сите тие ќе ја започнат трката на најмеката смеша, црвените гуми.
Теоретски, стратегијата со две застанувања во бокс е нешто побрза за трката, која се состои од 59 круга. Најбрзата варијанта на оваа стратегија се состои од два стинта од по 19 круга на меките гуми, плус стинт од 21 круг на жолтите гуми во средината на трката. Втората најбрза стратегија со две застанувања е со само еден стинт на меките гуми од 16 круга, а потоа два стинта на медиум гумите од 21, односно 22 круга.
Врз основа на гумите што ги имаат на располагање возачите, стратегијата со еден пит-стоп е малку побавна, но многу маргинална во однос на абењето. Трката се започнува на црвените гуми и потоа следува завршен стинт на белите гуми од 22-от круг. Ова е стратегијата која ќе се обидат да ја спороведат во пракса најбрзите десет возачи.
Најбавна, но пофлексибилна стратегија со едно застанување ќе биде стратегија со почетен стинт на жолтите гуми, потоа завршен стинт на белите гуми од 26-от круг. Како и секогаш, овие стратегии можат да ги користат гумите во различен редослед, во зависност од индивидуалните околности на трката.
Муџело е патека од т.н. "стара школа" со мали области за излетување што не простуваат грешки. Со оглед на двете црвени знамиња за време на вториот тренинг, имаме голема можност за излегувањето на безбедносниот автомобил, нешто на што тимските стратегисти треба да бидат подготвени да реагираат.
Марио Изола, Пирели: "Тоа беше уште еден топол ден во Муџело со гуми кои обезбедија добри перформанси. Веќе во Q1 беше срушен новиот рекорд на патеката, забележан на петочните тренинг сесии, пред да се подобри уште повеќе во последната Q3 сесија."
"Сите возачи во топ 10 на гридот избраа да ја започнат трката со црвените гуми, што очигледно ќе има влијание врз стратегијата на трката. Менаџирањето на меките гуми, на почетокот на трката, ќе биде клучно, и тоа ќе помогне да се одлучи дали ќе станува збор за трка со едно или две застанувања во бокс."
"Црвените гуми се користеа од почеток до крај на квалификациите, но потврдите смеши дефинитивно ќе имаат значителна улога во трката, особено за возачите кои размислуваат за стратегија со едно застанување во бокс."
| 2020 ТОСКАНСКО ФЕРАРИ 1000 ГП СТАРТЕН РЕДОСЛЕД |
|
| 1. ЛУИС ХАМИЛТОН - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
| 2. ВАЛТЕРИ БОТАС - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
| 3. МАКС ВЕРСТАПЕН - РЕД БУЛ | |
| 4. АЛЕКС АЛБОН - РЕД БУЛ | |
| 5. ЧАРЛС ЛЕКЛЕР - ФЕРАРИ | |
| 6. ЛЕНС СТРОЛ - РЕЈСИНГ ПОИНТ | |
| 7. СЕРЏО ПЕРЕЗ - РЕЈСИНГ ПОИНТ | |
| 8. ДАНИЕЛ РИКИАРДО - РЕНО | |
| 9. КАРЛОС САИНЦ ЈР. - МЕКЛАРЕН | |
| 10. ЕСТЕБАН ОКОН - РЕНО | |
| 11. ЛАНДО НОРИС - МЕКЛАРЕН | |
| 12. ДАНИЕЛ КВЈАТ - АЛФАТАУРИ | |
| 13. КИМИ РАИКОНЕН - АЛФА РОМЕО | |
| 14. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ - ФЕРАРИ | |
| 15. РОМАН ГРОЖАН - ХАС | |
| 16. ПЈЕР ГАСЛИ - АЛФАТАУРИ | |
| 17. АНТОНИО ЏОВИНАЦИ - АЛФА РОМЕО | |
| 18. ЏОРЏ РАСЕЛ - ВИЛИЈАМС | |
| 19. НИКОЛАС ЛАТИФИ - ВИЛИЈАМС | |
| 20. КЕВИН МАГНУСЕН - ХАС | |
@MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|






